Бадемово млеко
Потребни состојки:
- 100 g бадеми
- 350 ml вода
- ванила и мед (по желба)
Бадемите ги ставате во сад и ги прелевате со водата. Оставете ги да стојат преку ноќ (8-12 часа). Наредниот ден омекнатите бадеми заедно со водата ги блендирате и потоа процедувате. На бадемовото млеко по желба можете да му додадете и ванила и мед. Остатокот од бадемите не ги фрлајте, искористите ги за подготовка на овесна каша.
Кокосово млеко
Потребни состојки:
- 100 g кокосово брашно
- 350 ml зовриена вода
- 1 мала лажичка мед
- малку ванила
Кокосовото брашно го прелевате со зовриената вода и оставате да стои 2 часа. Потоа процедувате и по желба додавате мед и ванила.
Оризово млеко
Потребни состојки:
- 100 g ориз
- 1 L вода
- мед и ванила (по желба)
Оризот и водата ги ставате на оган и варите додека оризот не омекне. Потоа изблендирајте и оставете да исталожи, па процедете. По желба додајте мед и ванила.








