Црна лимона за елиминирање на токсините акумулирани во дигестивниот тракт. Овој напиток е одличен за прочистување на телото затоа што активниот јаглен има голема моќ за адсорпција и врзување на токсините од дигестивниот тракт.
Потребни состојки:
- сок од 1 лимон
- 200 ml вода
- ¼ лажичка активен јаглен или ½ столчена таблета
- неколку коцки лед.
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во чаша, додадете неколку коцки лед и послужете.
°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°°
лимон – содржи голем процент на витамин Ц кој е моќен антиоксиданс (еден лимон дневно задоволува 50% од дневните потреби за витамин Ц), супстанците диосмин и хесперидин кои се наоѓаат во лимонот помагаат за намалување на вкупниот холестерол во крвта, лимонот го прочистува црниот дроб и помага за алкализирање на телото.
активен јаглен – медицинскиот јаглен има силни адсорбирачки својства, внесен орално го обложува дигестивниот тракт и ги врзува токсините и штетните материи внесени во организмот.
*медицинскиот јаглен многу често се користи кај инфективни болести на дигестивниот тракт бидејќи има голема адсорпциска моќ, се препорачува да се применува краток период, нема нус појави и е безбеден да го консумираат и деца, бидејќи активниот јаглен има моќ да врзува и неутрализира и одредени лекови, треба да не се консумира 2 часа пред и после пиење на терапија.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.