Дехидратација кај децата за време на летото – колку е опасна, најчестите знаци, како да превенирате и како да третирате?

Споделете со пријателите

 Дехидратација е состојба во која телото користи или троши повеќе течности од што внесува. Може да се јави кај било која старосна група, но сепак, најранливи се бебињата и децата кај кои состојбата бргу прогредира и може да предизвика и други посериозни нарушувања.

Во вообичаени денови, децата јадат и пијат доволно течности така што ретко или воопшто никогаш не доаѓа до дехидратација, но во услови на дијареја, повраќање, болест со висока телесна температура или топло време може да дојде до загуба на течности повеќе од вообичаено и појава на дехидратација.

Родителите треба да бидат свесни за предупредувачките знаци кои можат да укажат на дехидратација кај нивните деца и на време да реагираат со што ќе ја спречат истата и ќе превенираат појава на компликации кои можат навистина да бидат сериозни.

Кои се знаците и симптомите на дехидратација кај децата како најранлива група?

Кои се причините за појава, како да третирате и превенирате и кога и дали да се јавите на лекар?

Знаци и симптоми на дехидратација кај децата

Доколку вашето бебе/дете има стомачен вирус која е пропратен со повраќање и дијареја и одбива да јаде и пие (ние возрасните во вакви ситуации сме свесни дека мораме да внесуваме течности, но децата не се свесни) тогаш морате да бидете внимателни и претпазливи набљудувајќи ги знаците и симптомите кај вашето малечко кои можат да укажат на потенцијална дехидратација.

Родителите треба да бидат свесни дека првите знаци на дехидратација понекогаш знаат да се неспецифични и да поминат незабележани, што понатаму може да доведе до сериозни последици. Децата и бебињата многу побргу развиваат дехидратација од возрасните затоа што имаат побрз губиток на поголема количина на течност во однос на вкупната маса на телото.

Многу е важно кај децата и бебињата да се препознаат првите симптоми за да се превенира прогредирање на дехидратацијата со што ќе се спречат несаканите ефекти.

Знаци на дехидратација кај деца и бебиња:

  • намалено мокрење или темна концентрирана урина
  • сува пелена подолго од 3 часа
  • отсуство на солзи (доколку плачат)
  • испукани усни
  • сува уста
  • пропаднати очиња
  • летаргија
  • намалена активност
  • вовлечена фонтанела на главата на доенчето
  • поспаност
  • плачење и раздразливост
  • сува или леплива слуз на јазикот или устата
  • брзо дишење
  • брз срцев ритам.

Причини за појава на дехидратација кај бебиња и деца и ризик фактори

Дехидратацијата како што спомнавме погоре настанува кога излачувањето на течност од телото е поголемо од внесот. Причините за појава на дехидратација кај бебиња и деца понекогаш можат да бидат од недоволен внес на вода и во услови кога детето е здраво и тоа најчесто може да се случи во текот на летото кога температурите се високи. Сепак, најчестата причинина за дехидтаација е одредена болест како инфекција, пропратена со висока температура, повраќање, проливи и слично.

Ризик фактори за појава на дехидратација кај бебиња и деца се следни:

  • не консумирање доволно вода
  • повраќање
  • дијареја
  • вирусни инфекции
  • бактериски инфекции
  • зголемено потење како резултат на треска или топло време
  • хронични болести како дијабет, цревни нарушувања, целијакија и цистична фиброза
  • топло и влажно време

Третман и спречување на дехидратација

Родителите најчесто во прво време секогаш ја третираат дехидратацијата во домашни услови. Првиот чекор за третман на дехидратација е дополнување на изгубените течности со орални рехидрациони течности. Тоа се така наречените електролити кој секој родител задолжително би требало секогаш да ги има дома како прва помош, но и секогаш кога се оди на некое патување заедно со деца.

Децата многу лесно развиваат дехидратација па првата линија на третман треба секогаш да се има при рака. Бистра супа, млаки чаеви и вода треба да им се нуди постојано во такви ситуации, но проблемот е што кога децата кога се болни најчесто одбиваат да јадат и пијат било што. Доколку станува збор за доенче, мајката треба да го дои почесто за да се превенира настанување на дехидратација.

Доколку сепак дехидратацијата прогредира, детето или бебето мора да се однесе на лекар каде во зависност од степенот и симптомите докторот може да одлучи да се аплицира интравенски електролитен раствор.

Сепак за да се спречи прогредирање на дехидратацијата најдобро е секогаш родителот да има при рака орален рехидрационен раствор, особено во летниот период кога и надворешните услови можат многу брзо да го забрзаат процесот на дехидратација кај децата или бебињата.

Зошто Алвоген О.Р.С?

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се шумливи таблети кои се користат за едноставно и ефикасно лекување и спречување на дехидратација. Како додаток во исхраната ги надоместува неопходните соли и минерали, и на тој начин повторно воспоставува баланс во организмот.

Доаѓа во пакување од 12 ефервесцентни (шумливи) таблети. Едноставен е за употреба. За возрасни се раствораат 2 шумливи таблети во 200 ml вода. За новороденчиња и деца до 10 kg 1 таблета се раствора во 100 ml течност.

Во својот состав Алвоген О.Р.С. содржи: глукоза, натриум хлорид (NaCl), калиум хлорид (KCl) и лимонска киселина. Растворениот напиток има пријатна освежувачка арома на лимонада што го прави повкусен за консумирање.

Ако се појават кои било од знаците на дехидратација најдобро е Алвоген О.Р.С. да се консумира веднаш. За оптимална ефикасност се препорачува да се пие полека, голтка по голтка.

Бидејќи е во супер практично пакување овој додаток во исхраната добро е секогаш да го имате со себе. Не чекајте да се појават симптомите на дехидратација, користете го превентивно.

Можат да го користат и деца и бебиња

Алвоген О.Р.С. можат да користат деца од сите возрасти, вклучувајќи ги и бебињата. Пријатниот вкус кој потсетува на лимонада, го олеснува консумирањето на течноста која е неопходна да ги рехидрира децата.

За деца до 10 kg телесна тежина треба да се раствори 1 ефервесцентна (шумлива) таблета во 100 ml вода, дозирањето е на начин што детето за пиење најмногу може да консумира до 10 ml течност по килограм телесна тежина.

На пример, дете односно бебе од 5 kg телесна тежина би требало да испие 50 ml О.Р. С. течност. Кај мали бебиња можете О.Р.С растворот да го додадете и во кашичка.

Дете преку 20 kg телесна тежина се препорачува да испие 200 ml течност во која се раствораат 2 таблети.

Најдобро е да се спречи, не да се лечи!

Дехидратацијата воопшто не е наивна состојба и тоа особено не за деца и бебиња и затоа секогаш при рака имајте орални рехидрациони раствори кои можат да превенираат нејзино прогредирање.

Топлото време и патувањата за време на летото можат да бидат причина број 1 за појава на дијареја кај новороденчињата и децата што може да предизвика појава на тешки форми на дехидратација со сериозни последици, затоа секогаш со себе носете си Алвоген О.Р.С.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *