Chocolate Energy Bites

Споделете со пријателите

Ова е одличен здрав десерт за цело семејство, и што е најинтересно можете да ги подготвите за некоја пригода за вашите деца (родендени или било какви прослави).

Доволно се тврди па лесно се ставаат на стапче и што е најважно стојат. Ако ги правите за деца можете дополнително да ги украсите со некои детски елементи.

Вкусот е свршен!

Јас ги направив онака случајно, од состојки што имав дома, но стварно испаднаа супер, а еве што ставив:

Состојки:

  • 200 g мелени интегрални бисквити (може било какви)
  • 100 g сува брусница
  • 100 g суво грозје
  • 100 g овесни снегулки
  • 1 банана
  • 100 g стопено темно чоколадо
  • по потреба многу малку вода или можете и цеден сок од портокал.
  • за валкање: оставете малку од мелените бисквити или растопете 50 g темно чоколадо.

Подготовка:

Бисквитите ги ставив во блендер да станат брашно, па ги додадов овесните снегулки и сувото овошје. Чоколадото го стопив и бананата ја изблендирав. Се заедно измешав и формирав топчиња. Од оваа смеса добив нешто повеќе од 25. Пола ги валкав во бисквитите, пола во стопено чоколадо.

Се изедоа за многу брзо, но успеав да сликам 😊

Ако ги направите ве очекувам со слика или таг 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *