Вкусен енергетски детокс напиток со зелен чај и ѓумбир, одличен е за утринско будење и прочистување на телото.
Содржи само 42 калории, 10.7 g јаглехидрати, 0.8 g протеини и воопшто не содржи масти.
Потребни состојки:
- 1 лажичка зелен чај
- 250 ml вода загреана на 80°С
- ½ лажичка ѓумбир во прав
- сок од ½ лимон
- сок од ½ портокал
- коцки лед и свежо нане (по желба).
зелен чај – содржи моќни полифеноли кои ги неутрализираат слободните радикали во телото, дополнително кофеинот ја зголемува мобилизацијата на масти од масното ткиво и помага за подобрување на физичкиот перформанс.
лимон – содржи голем процент на витамин Ц кој е моќен антиоксиданс (еден лимон дневно задоволува 50% од дневните потреби за витамин Ц), супстанците диосмин и хесперидин кои се наоѓаат во лимонот помагаат за намалување на вкупниот холестерол во крвта, лимонот го прочистува црниот дроб и помага за алкализирање на телото.
портокал – содржи голема концентрација на витамин Ц и многу влакна (еден портокал задоволува 100% од дневните потреби за витамин Ц), портокалот е одличен антиоксидас и прочистувач на црниот дроб, тој го чува имуниот систем и помага за подобро варење на храната.
ѓумбир – содржи супстанца гингерол која е моќен антиоксидансен и антиинфламаторен агенс, ѓумбирот ја подобрува дигестијата, го намалува холестеролот и го забрзува топењето на масните наслаги.








