Home Рецепти Здрави десерти Гранола со просо и таан

Гранола со просо и таан

6
0

Крцкава, неодолива и многу практична. Баш таква е оваа гранола.

Од нутритивен аспект е совршена нутритивна бомба за одличен и балансиран старт на денот.

Можете да си ја подготвите во недела и да си имате спремен и готов појадок за цела недела. Појадокот со неа е готов за 1 минута, мешате само 4-5 лажици од гранолата, додавате јогурт или пак кисело млеко, можете да додадете и некое растително млеко, па дури и сок од портокал. По желба можете да додадете и некое овошје. Јас обожавам боровинки и затоа задолжително си ги додавам.

Потребни состојки:

  • 2 чаши овесни снегулки
  • ½ чаша просо (сирово, не се вари)
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица интегрален сусам
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици таан
  • 1 лажица путер од бадеми од @bonita_organic_nut_butters
  • 2 лажици кокосово масло
  • сок од ½ портокал.

Начин на подготовка:

  1. Во сад најпрвин измешајте ги сувите состојки (овесни снегулки, просото, чиа семето, лененото семе и сусамот)
  2. Во мало тенџере ставете ги медот, таанот, путерот од бадеми и кокосовото масло и стопете ги т.е соединете ги на пареа на не многу јак оган.
  3. Додадете ја течната смеса на сувата и измешајте убаво.
  4. Исцедете сок од ½ портокал и додадете го и него.
  5. Рерната загрејте ја на 180˚С, но кога ќе ја ставите гранолата намалете ја веднаш на 120-100 ˚С, зависи колку ви е јака рерната и сушете ја околу 30-35 минути. Повремено можете да промешувате со лажица.
  6. Извадете ја и оставете ја да се излади. Соберете ја во стаклена тегличка и уживате во секое ново утро!

Ве очекувам со тагови!

Неверојатна е, јас си ја грицкам и така за ужинка еве веќе цело попладне 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here