Интересен начин како да ја искористите и консумирате гранолата. Овие мали вкусни тартови се одлични за вашите најмили. Рецептот е едноставен и потребни ви се само 4 намирници и овошје по желба за декорација.
Потребни состојки (за 2 мали тартови, за 4 лица):
- 1 чаша мелена гранола
- 4 лажици кокосово масло
- 100 g џем од сливи
- 1 кесичка желатин
- 100 ml вода (50 ml за желатинот и 50 ml за џемот)
- за декорација: банана, киви, кокосови трошки и сува малина (по желба).
Начин на подготовка:
Во рецептот јас користам мелена гранола од Vitalia, но доколку имате обична тогаш ставете ја во блендер или во сецко и иситнете ја. Во гранолата додадете го кокосовото масло и убаво соединете ги двата дела. Во калапчиња за тарт кои можете да ги видите на видеото поделете ја смесата на два дела и убаво натапкајте ја.
Вака подготвената кора ставете ја во замрзнувач околу 15 минути за да се стегне.
Во меѓувреме го подготвуваме филот. Во 100 g џем од сливи додаваме околу 50 ml вода и загреваме. Паралелно содржината од 1 кесичка желатин ја прелеваме со околу 50 ml вода и оставаме желатинот да се развие. Дури го згреваме џемот, желатинот ќе набабри и потоа само додаваме една лажица од набабрениот желатин во џемот. Мешаме интензивно се дури желатинот не се растопи.
Вака подготвениот фил го истураме во калапчињата за тарт во кој претходно ја ставивме кората. Враќаме уште 15 минути во замрзнувач и потоа декорираме по желба.
Јас користев банана, кива, кокосови трошки и сува малина.
Добар апетит!
Рецептот можете да го погледнете и на видео подолу.








