Успешно помина и вториот Health, Fitness & Wellness Expo!

Споделете со пријателите

И оваа година видовме дека луѓето се повеќе и повеќе се интересираат, но и ги применуваат здравите навики, активни се и се интересираат за се’ она што е ново, интересно и корисно на нашиот пазар.

На овогодинешниот, интерактивен и единствен од овој тип настан – Health, Fitness & Wellness Expo учествуваа 59 учесника. Посетителите имаа прилика да дознаат, пробаат, научат доста нови информации од областа на здравјето, фитнесот, велнесот.

Од дегустација на здрава и органска храна, природна и органска козметика, бокали и филтри за вода, спортски програми и справи за вежбање, медицински и ортопедски помагала, третмани, физитерапевтски масажи, до суплементи, пробиотици и разни корисни анализи – посетителите на овој тродневен настан имаа можност да ги дознаат сите информации за здрав и подобар живот на едно место.

11

Големото отворање се одржа во петокот, на 23ти септември, во Хотелот Александар Палас, каде што со свое спектакуларно шоу настапи трократниот шпански слеклајнер – Карлос Мерајо Гарсија.
Изненадување за сите посетители беше и гостувањето на шампионот во слеклајн од Естонија – Таури Вахасар. Тие заедно приредија вистинско адреналинско шоу со акробациите кои ги изведоа во салата, а несомнено предизвикаа воодушевувачки реакции кај публиката, која имаше можност за прв пат во Скопје, во живо да ја погледне оваа дисциплина.

А што е слеклајн (slackline)? За оние кои го пропуштија ова шоу, збор повеќе околу слеклајнот.

Тоа е дисциплина која подразбира одење, балансирање по лента. За прв пат во Македонија центарот Спорт Инн ги прави Gibbon лентите достапни за сите љубители на спортот, фитнесот, но и адреналинот. Има повеќе начини како да спортувате и да се забавувате со слеклајн. Најлесно и најшироко применлива е slackfit програмата, која од сега можете да ја практикувате во Спорт Инн центарот, но и во вашите домови, slackline, trickline, waterline се поекстремни типови, за оние кои се зависници од адреналин и авантури и можете да ги изведувате на отворено, во природа.

Навиките за водење на здрав живот се стекнуваат од најрана возраст, па затоа оваа година посебен дел им беше посветен на најмладите. Настанот беше збогатен со Kids Corner – детско катче, каде што секој ден имаше петчасовна програма за деца. Петте детски градинки, едукативни центри и клубови кои се вклучија во ова катче, со своите активности допринесоа за едукација и примена на здравите навики, здравата храна и физичка активност, преку бројни креативни работилници.

22

Програмата и оваа година изобилуваше со бројни интерактивни презентации, тренинзи и настапи. Осумчасовната програма на 24ти и 25ти септември понуди вкупно 34 активности и презентации на различни теми, а покрај изложувачите, учество земаа и голем број на спортски клубови, центри за здравје и масажа, организации кои се залагаат за здрав живот и здравата исхрана и тоа не само од Скопје, туку и од другите градови од Македонија.

Одличен викенд, посветен на здравите животни навики, кои се надеваме дека посетителите редовно ќе ги применуваат преку целата година, а ние со нетрпение ќе го очекуваме и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *