Нова година без новогодишни колачиња?! Никако!!!
Овие healthy nut cookies со ѓумбир мора да ги пробате.
Брзи и едноставни се за подготовка, а се одлични и за најмалите.
Можете слободно да ги давате на деца над 12 месеци. Мене Ана која има 12 месеци ми ги одобри 😊
Состојки:
- 1 јајце
- 2 лажици путер од лешници + 2 лажици путер од бадеми (може и само еден вид путер) – Bonita Organic Nut Butters
- 80 g агаве нектар (може и мед)
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка мелен ѓумбир во прав
- 200 g интегрално брашно.
Начин на подготовка:
Првин со миксер го матев јајцето заедно со агаве нектарот, потоа во таа смеса ги додадов циметот, прашокот за пециво и ѓумбирот. На крај полека го додадов брашното. Потребно е да добиете смеса која ќе може да ја обликувате во големо тврдо топче.
Со сукало извлеков тенка кора и со калапи ги вадев посакуваните форми.
Се печат многу брзо околу 8-10 минути во загреана рерна на 180˚С.
За да бидат уште понеодоливи ги направив како сендвичи, некои ги мачкав со путер од лешници, некои со путер од бадеми, а некои со џем од сливи без шеќер.

Одозгора имаат малку стопено темно чоколадо.
Совршенство се 😊








