Од здравата кујна на Елена, ги добив овие највкусни какао бомбици со кокос. Од бомбици никогаш доста, ги има во 1000 различни варијанти.
Овие кокос бомбици се супер за пред вежбање, да ги земете со вас на работа или факултет, а одлични се и како ужинка за најмалите.
Состојки:
- бисквити wellness или интегрални (цело пакетче)
- 2 лажици какао
- 25/30 ml кокосово млеко (можете да го подгответе и сами)
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица мед (по желба, ако сакате поблаг вкус)
Начин на подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки. Формирајте бомбици со помош на лажичка и валкајте ги во кокосово брашно!
Оставете ги бомбиците во фрижидер малку да стегнат.
На здравје!
https://www.instagram.com/p/B57wtSJnnNZ/?utm_source=ig_web_copy_link








