Home Исхрана Вкусен кето оброк – Полнето пилешко со пармезан

Вкусен кето оброк – Полнето пилешко со пармезан

9
0

Многумина се прашуваат што да зготват кога се работи за диети кои не вклучуваат шеќери во исхраната, или пак диети кои се засноваат на консумирање протеини и масти. И покрај тоа што во овие диети многу продукти се ограничени или исфрлени, сепак можете да бидете креативни и да внесете разновидни вкусови во вашата исхрана. Ваквиот животен стил може да биде здрав и забавен во исто време, со особен фокус на домашно приготвени оброци каде вие го контролирате квалитетот на состојките. Сепак, трудете се да донесувате информирани одлуки кога се работи за изборот на состојките. Иако на почетокот може да изгледа комплицирано, целиот процес на подготвувањето на храната ќе ги промени вашите перспективи за истата и ќе прерасне во едноставно комбинирање на стекнатите знаења.

Денес ви даваме идеја за брз и вкусен кето оброк кој содржи минимално количество на нето шеќери (поради доматното пире), околу 400 kcal и само 4 g нето шеќер по парче.

Потребни сосотјки:

  • 4 парчиња пилешки гради, отворено засечени
  • 130 g рендана моцарела
  • 130 g рендан пармезан
  • 250 g доматно пире, без додатоци
  • 1-2 чешниња лук, ситно сецкани
  • босилек, по вкус
  • сол, црн пипер, по вкус

Начин на подготовка: 

Внимателно засечете ги пилешките гради, внимавајќи на обликот на структурата, така што ќе бидат отворени како пеперутка. Посолете и наросете со сол и бибер, додајте го лукот (во случај да сакате таков вкус – впрочем можете да додате и повеќе од наведеното).

Додајте го доматното пире и нанесете ги ренданите сирења, како и малце сецкан свеж босилек и затворете ги индивидуалните парчиња. Оставете на страна дел од сирењата за да нанесете во вториот дел од готвењето.

Завиткајте го секое индивидуално парче во фолија внимавајќи на фактот дека фолијата ќе треба да ја отворите во вториот дел и печете на 180oC околу 15 минути. После тоа, извадете ги пилешките гради и отворете ја фолијата при тоа додавајќи врз месото рендан пармезан и моцарела. Продолжете да ги печете пилешките гради за уште дополнителни 15 минути на истата температура, или проценете го времетраењето според тоа кога пилешкото е целосно испечено и сосовите се подзапечени.

Наросете со уште малку свеж босилек и уживајте!

Овој оброк можете да го комбинирате со 3-4 флорети брокула или карфиол зготвени на пареа или свежа салата од рукола, марула и сл. Внимавајте на комбинирањето на зеленчуците затоа што голем дел од нив содржат високи количини на нето шеќер.

Сигурно ќе ве интересира: 

Кето исхрана како ефикасен начин на слабеење

Протеински солени мафини со 0 јаглехидрати

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here