Колку кафе и кофеин дневно е навистина премногу?  

Споделете со пријателите

Кофеинот освен во кафето го има и во одредени чаеви, во чоколадото, во кока кола и во енергетските пијалаци.

Дали сте се запрашале колку всушност кофеин е навистина многу за нашето тело?

Големиот број на варијанти на различни кафиња кои се нудат на пазарот и кои содржат различна концентрација на кофеин можат да бидат причина многу лесно да го надминеме дневниот препорачан внес на овој стимуланс.

Можеби ќе ве интересира:

5 начини како да го направите кафето поздраво

5 болести кои ги спречува утринско кафе

Сигурно ви се случило некогаш да се напиете кафе и да почнете да чувствувате немир, тахикардија, нервоза и сл. тоа е поради големата концентрација на кофеин која ја имало во кафето кое сте го испиле.

Содржината на кофеин во шолја кафе зависи од тоа колку е голема чашата, колку е ситно кафето, колку биле испечени зрната кафе, со каков метод е подготвено самото кафе и секако колку кафе се користи за да се подготви шолјата кафе.

Луѓето имаат различен праг на толеранција на кофеинот. Некои луѓе се почувствителни и телото им реагира и на мали количини на кофеин, додека други можат да внесуваат и поголема количина без никаков проблем. Сепак количината на кофеин која ја внесуваме во телото треба да се прилагоди на нашата толеранција.

Со кофеинот треба особено да бидат претпазливи бремените жени.

дневна препорачана доза на кофеин
бремени жени 200 mg
возрасни луѓе (18+) 400 mg

Премногу кофеин во бременоста може да предизвика спонтан абортус и проблеми со развојот на фетусот што може да резултира со ниска телесна тежина.

Исто така голема количина на кофеин во бременоста може да го зголеми ризикот од некои здравствени состојби во подоцнежниот живот на детето.

Истражувањата покажуваат  дека кофеинот брзо се апсорбира во телото на бремените жени и слободно ја преминува плацентата, циркулирајќи во нероденото бебе. На тој начин кофеинот директно влијае на неговиот развој.

Затоа доколку сте бремени ограничете го внесот на кофеин и внимавајте. Не мора целосно да го исклучите кафето, но не заборавајте дека кофеин има и во чоколадото и во кока колата.

Колку кофеин има во вашето омилено кафе, чоколадо и чај?

  • 1 шолја инстант кафе: 100mg
  • 1 шолја филтер каде: 140mg
  • 1 чаша чај: 75mg
  • 1 чаша кока кола: 40mg
  • 1 чаша енергетски пијалак: до 80mg
  • 50g чоколадо со голем процент на какао: до 50mg
  • 50g млечно чоколадо: до 25mg.

Покрај фактот што кофеинот претставува силен стимуланс и би требало да се внимава на секојдневниот внес, сепак кофеинот има и одредени бенефити по здравјето.

Кофеинот ја зголемува  будноста, менталниот фокус, концентрацијата, а доколку се консумира пред тренинг може да го подобри и вашиот фитнес перформанс за време на тренингот.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека кафето може да биде поврзано со намален ризик од рак на простата и рак на дојка, а друга студија вели дека може да ве заштити и од појава на Алцхајмерова болест.

Сепак, секоја индивидуа треба сама да биде свесна за количината на кофеин која ја внесува во телото, затоа што сите ние имаме различен праг на толеранција. Некои луѓе едноставно силно реагираат на кофеинот, а други не.

“Ако уживате во шолја кафе во утринските часови, тогаш тоа е во ред, но ако почнете да добивате тахикардија, да трчате во тоалетот или пак забележите зголемување на нервозата и појава на несоницата, тогаш најверојатно треба да ја намалите дозата на кофеин која ја внесувате”.

Генералниот совет е дека 4 до 5 шолји кафе на ден (тоа е околу 400 mg кофеин) е безбедно да се консумира.

Агенцијата за стандарди за храна вели дека нема ограничување за здравите поединци.

Тие препорачуваат разумно и свесно консумирање на кафе и кофеински напитоци во зависност од потребите и прагот на толеранција на нашето тело.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *