Home Рецепти Здрави десерти Кремаст брауни колач со тиква (посно)

Кремаст брауни колач со тиква (посно)

138
0

Имав многу убава печена тиква, а бидејќи не сум љубител на тиква решив да ја ставам во еден чоколаден кремаст брауни колач.

Колачот е многу вкусен и кога го јадете имате чувство дека јадете вкусен, чоколаден и кремаст густ пудинг.

Дури мислам дека името колач не е соодветно, ама бидејќи го печев кратко го додадов и тоа. 😊

Потребни состојки (за 16 парчиња):

  • 4 лажици мелено ленено семе + 8 лажици вода
  • 150 g мелени бадеми
  • 4 лажици какао
  • 4 лажици кокосово масло
  • 200 g пире од тиква (варена или печена)
  • 2 лажици мед
  • 70-100 ml вода .

Прелив: 1 лажица какао, 1 лажица кокосово масло и 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Меленото ленено семе и водата ги измешав и ги оставив кратко за лененото семе да ја впие водата. Всушност вода и ленено семе е т.н. растително јајце, зашто има улога на емулгатор и поврзувач на сместа.

После 15-20 минути кога видов дека водата е убаво впиена, сите состојки ги ставив во блендер и ги соединив убаво. Се доби убава густа и хомогена смеса која ја излив во плехче, во кое претходно ставив хартија за печење. Печев околу 15-тина минути на 180˚С. Потоа го извадив колачот и го прелив со преливот, кој го подготвив така што ги измешав какаото, медот и кокосовото масло. Оставив да се излади и тоа е тоа!

Уште повкусно е ако го оставите во фрижидер да се излади. Чоколадно, здраво и кремасто уживање!

Може да го давате и како ужинка на деца кои имаат над 1 година и немаат алергија на јатки и мед.

И да не ве збуни, колачот е кремаст и влажен, да не мислите дека не е испечен.

Нутритивните вредности по парче се на сликата подолу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here