McDonald’s диета – Како професор по физика ослабел 30 кг одејќи во McDonnalds секој ден цели 6 месеци

Споделете со пријателите

Денес зборуваме за американски професор по Физика за кого е снимен документарец поради неговата необична диета за слабеење. Тој половина година јадел само храна од McDonnalds, и тоа не само салати туку најразлични јадења од целото мени. Јадел пржени компири скоро секој ден.

Неговата цел била да им докаже на своите ученици дека доволно е само да се внимава на калорискиот внес и на редовното вежбање за да се слабее.

Тој внесувал не повеќе од 2000 калории дневно и вежбал по 45 минути, 5 пати во неделата.

После првите 90 дена тој изгубил 15 килограми, а по истекот на целите 6 месеци изгубил вкупно 30 килограми.

Доколку го запазувате правилото на трошење повеќе калории отколку што внесувате вие ќе слабеете, без разлика на се друго.

Секако здравата храна е неопходна за да останете витални и здрави, но ова покажува дека не мора да се откажете од омилената храна за да го постигнете идеалниот изглед.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *