Практична мешавина која може да има многу примени и да ја користите во многу оброци, притоа правејќи ги истите многу нутритивни.
Оваа мешавина си ја правам често и ми е многу практична и за себе и за Ана. 🙂
Од состојките кои ги напишав подолу ќе добиете околу 300 g од мешавината, што е доволно за повеќе денови. Обично во појадокот ставам по 2-3 лажици. На крај ви напишав и идеи како може да ја користите.
1 лажица е околу 10 g, така што од оваа количина би имале за минимум 10 појадоци/оброци.
Нутритивни вредности во 1 лажица:
- 53.3 калории
- 3.7 g јаглехидрати
- 3.8 g масти
- 1.7 g протеини
- 1.2 g влакна.
Зошто оваа мешавина е одлична за деца?
Ако ја видиме содржината на протеини по лажица, и истата ја помножиме по 3 колку што мојата ќерка јаде за појадок, тоа е 5 g протеини во оброкот. Потребата на децата за протеини е од 1-1.5 g/kg телесна тежина. Мојата ќерка има 9.5 kg. Дневно минимум би требало да внесува по 9.5 g протеини.
Со овој појадок таа веќе внела дури повеќе од 50% од дневната препорачана количина за протеини.
Како да ја подготвите мешавината?
Состојки:
- 50 g бадеми
- 50 g лешници
- 50 g индиски ореви
- 30 g овесни снегулки
- 30 g ‘ржани снегулки
- 30 g пченични никулци
- 30 g кокосови трошки
- 30 g ленено семе.
Сите состојки ставете ги во блендер, но не блендирајте долго за да не излезе маслото од јатките и содржината да стане како влажна т.е. масна.
Ставете во стаклена тегличка и имате спремна мешавина која може да ја искористите на повеќе начини, и притоа да добиете одличен хранлив појадок.
Еве некои идеи и предлози како да ја користите:
- 3 лажици прелијте со топла вода, додадете ½ банана, 1 лажичка мед и малку
замрзнато овошје (наместо вода може да се додаде и некое растително млеко) - Можете да додадете 2 лажици во омлет и да добиете одлично балансиран оброк + салата секако
- Измешајте 2-3 лажици со кисело млеко/јогурт или кефир.
- Направете си хранливо зелено смути – ставете во блендер малку спанаќ, 1 портокал, 2
лажици од мешавината и околу 200 ml вода - Можете да ја искористе мешавината за да подготвите вкусни бомбици за ужина – измешајте
околу 100-150 g, додадете 1 банана и малку кокосово масло. Со лажица правете топчиња кои можете да ги
валкате поврторно во мешавината или само во кокосови трошки. - Користете ја мешавината за да ја зголемите нутритивната вредност на било што и да печете,
пример во смесата за палачинки, тостерки, во проја, во каков било колач. - Можете да им додавате на децата по 1 лажица дури и во палента/тарана и слично.
Ова е слика од првиот предлог, т.е. од појадокот на Ана утрово. Изедено до последна лажица! 😊









