Тренинзи

aеробик

Високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот како кардио активност ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети.

пилатес

Вежбите во овој тип на часови ги активираат сите мускулни групи. Со континуирано вежбање Пилатес ќе ги затегнете и тонирате мускулите, ќе ја зголемите флексибилноста и ќе го намалите масното ткиво.

dance aerobic

Овој тип на аеробик опфаќа кардио вежби кои се изедуваат со сопствената тежина, а се хармонично вклопени во dance кореографија на омилените поп и латино песни.

TOTAL BODY MIX

Комбинирани тренинзи наменети да го активираат цело тело. Комбинација од кардио, вежби за сила, мобилност и флексибилност. Интензитетот на вежбите зависи од групата, вообичаено среден до висок интензитет. Вежбите се изведуваат со користење на повеќе фитнес реквизити и секој тренинг е различен.

онлајн Пилатес микс 💻

Часовите се спој од аеробик/кардио вежби и пилатес движења, се работи цело тело и секој час е различен.

онлајн Пилатес за трудници 💻

Овој тип на часови се специфично наменети за трудници со модифицирани вежби кои се прилагодени за состојбата. Движењата и вежбите се безбедни да се изведуваат во бременост доколку мајката има нормална бременост.

онлајн јога 💻

Хата Јога е најраспространет вид на Јога во западниот свет, па така и кај нас. Овој вид на Јога овозможува рамнотежа, баланс, хармонизација на позитивната и негативната енергија со која е исполнето се на нашата планета. Изведувањето на Асаните предизвикува длабоко физиолошко дејство врз мускулите, лигаментите и зглобовите…

en_USEnglish
en_USEnglish