Home Рецепти Здрави десерти Здрави палачинки со банана и овесни снегулки

Здрави палачинки со банана и овесни снегулки

1150
0
Палачинките се омилен десерт на кој не можат да одолеат ни децата, а ни возрасните. 😊 Но што мислите за една здрава и многу брза варијанта на палачинки?

Потребни состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1 чаша млеко или јогурт (може кравјо млеко, но може и бадемово или кокосово)
  • 2 чаши овесни снегулки (поубаво е да бидат мелени, можете да ги иситните во блендер)
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка сода бикарбона или малку пециво
  • 1 супена лажица кокосово масло или маслиново
  • ванила вкус (по желба).

whole-wheat-banana-pancakes-1

Начин на подготовка:

Во блендер изблендирајте ги бананата, млекото и овесните снегулки. Потоа додадете јајце и сода бикарбона, и повторно блендирајте. Ако се одлучите за ванилата и медот ставете ги, па продолжете со блендирање уште неколку секунди. На тавче што не лепи ставете малку од кокосовото масло и убаво загрејте го, па потоа испржете ги палачинките на стандарден начин.

За побрзо можете да ги правите и на тостер.

Овие овесни палачинки совршено се комбинираат со природни путери од јатки, или пак со здрава нутела.

На здравје!!! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here