Како Пилатесот го одржува вашето здравје и тело?

Споделете со пријателите

Во телото се случуваат навистина големи промени со текот на години. Понекогаш колку и да внимаваме на исхраната, едноставно метаболизмот се забавува, што е нормален физиолошки процес кој настануваа како што телото старее.

Но, не е само стареењето и годините во прашање. За забавување на метаболизмот со текот на годините многу големо влијание имаат и други фактори како што е постојаното седење и физичката неактивност, односно самиот стил на живот.

На најголем број од луѓето работата им е седечка и неделно поминуваат по околу 40 часа во позиција која воопшто не му е пријатна на нашето тело. После тие 8 часа секојдневна седечка работа ретко кој наоѓа време за себе, секогаш сите други обврски се ставени во преден план: семејство, деца, дом, сопруг…и сл.

Но, дали сте се запрашале дека ако не си го зачувате здравјето утре можеби нема да можете да бидете таа одлична супер подвижна мајка и сопруга?

На современата жена во денешно време се почесто и станува проблем да направи баланс помеѓу работата, семејството и грижата за себе. Но, доколку направиме добара организација на обврските секако дека секој од нас има време за се.

Многу луѓе знаат и се свесни дека треба и мора да вежбаат, затоа што тоа е единствениот начин да си го одржат здравјето, да се чувствуваат убаво и да бидат посреќни, но многу често изговорите ги спречуваат во тоа…

Физичката активност е неопходна доколку сакате да си го зачувате здравјето како што поминуваат годините!

Колку физичка активност на неделна база е доволна за позитивни ефекти и што да изберете да вежбате?

За почеток доколку долго време сте биле физички неактивни доволни ќе ви бидат 2 или 3 часа неделно. Со текот на времето самото тело ќе ви каже кога треба да ја зголемите активноста.

Зарем од цела недела не можете да најдете 2/3 часа кои ќе си ги посветите на себе?

Верувајте ми дека можете….треба само да сакате!!!

Зошто да изберете Пилатес?  

Затоа што Пилатесот е единствената физичка активност која ќе ви ги активира буквално сите мускули во целото тело.

Ако подлабоко размислите тоа е тоа што ви е потребно, доколку работите седечка работа и често се соочувате со болки во грбот.

Пилатесот е активност за целото тело, прави раздвижување на сите мускулни групи, дури и она оние најмали мускулчиња во телото за кои не знаеме дека постојат (после добар пилатес час, следниот ден ќе знаете :)).

5 причини зошто да изберете Пилатес:

  1. Подобро расположение

Пилатесот не е агресивна активност, но ефективно го раздвижува целото тело и ја поттикнува циркулацијата во сите мускули, сето тоа предизвикува наплив на ендофрини во мозокот, што ќе ве направи да се чувствувате прекрасно после вежбањето, ќе заборавите на нервозата и стресот со сигурност!

  1. За слабеење

Телото троши многу повеќе калории кога во исто време движите повеќе мускулни групи, а со пилатесот тоа се случува, така што за еден час ефективно и активно вежбање пилатес вие ќе согорите околу 500 калории минимум. Сепак тоа ќе зависи и од тоа колку сами ќе се дадете и колку правилно ќе ги правите вежбите.

  1. За подобра циркулација и ефикасно исфрлање на токсините од телото

Бидејќи 1 час ефективно вежбање Пилатес ќе ви помогне да го раздвижите пропорционално целото тело и скоро сите мускули, тоа ќе значи и забрзување на циркулацијата и полесно и побрзо исфрлање на токсините од телото. Тоа ќе допринесе и за намалување на отоците кои можат да се јават од прекумерно седење и лошиот животен стил. Пилатесот е одличен и помага и за намалување на целулитот.

  1. Кажете им збогум на болките во грбот

Секој втор возрасен човек кој поминува по 8 часа дневно во седење има проблеми со болки во ‘рбетот и грбот…епа ако вежбате пилатес тоа ќе исчезне!

Пилатесот помага да се затегнат малите мускули кои го држат ‘рбетот и на тој начин ви ги намалува болките кои се предизвикани од прекумерното седење. Затегнувањето на тие мали мускулчиња не само што ќе ги намали болките, туку и ќе ви помогне да го држите грбот поисправено.

  1. Одличен тренинг за цело тело

Пилатесот е одлична физичка активност за целото тело и за сите мускули во телото, тој е одлична активност и за мозокот затоа што вежбите во пилатесот знаат да бидат комплексни и да бараат голема концентрација и поврзувањето на телото со умот. Сето тоа може да допринесе за подобрување на вашата концентрација и координација, а на долгорочен план помага и за спречување на многу невро-дегенеративни заболувања кои се јавуваат како што телото старее.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *