Одличен десерт или ужинка за пред или после тренинг.
Овие вкусни протеински мафини можат да се вклопат и во комбинација за појадок заедно со чаша црно кафе.
Морате да ги пробате 🙂
Потребни состојки:
- 2 чаши мелени овесни снегулки
- 2 банани
- 1 рендано јаболко
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици кокосов шеќер
- 4 лажици протеин од сурутка со вкус на ванила
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка прашок за пециво
- 2 јајца.
Начин на подготовка:
Погледнете го нашето видео.
Добар апетит!
Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.








