30 дневен смути предизвик – Ден 4

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 4

Кофеинско смути со авокадо

Кафето содржи важни хранливи материи што му се потребни на телото. Една шолја кафе содржи 11% од дневната препорачана количина на рибофлавин (Витамин Б2), 6% од  препорачаната количина на пантотенската киселина (Витамин Б5) и 3% од препорачаната количина на манган и калиум. Авокадото пак од друга страна е богато со мононезаситени масти, растителни влакна, витамини (А, Е и К) и многу минерали (железо, бакар, магнезиум и манган). Во авокадото исто така се наоѓа и голема концентрација на танини кои се познати по своите антивоспалителни, антиоксидантни и антиулкусни својства. Во мала концентрација се наоѓаат и флавоноиди кои спаѓаат во групата на полифенолни антиоксиданси кои штитат од слободните радикали. Свежото авокадо е и многу добар извор на калиум важен за регулација на работата на срцето и одржување на нормални вредности  на крвениот притисок.

Овој рецепт за смути со кафе и авокадо ќе ви даде енергија и затоа ви препорачуваме да го конзумирате пред вежбање.

Што ви е потребно?

  • 1/2 банана
  • 1 мала лажичка нес кафе
  • 1 мала лажичка какао
  • 1 мала лажичка ленено семе
  • 1 супена лажица овесни снегулки
  • 1/2 авокадо
  • 200 ml вода
  • 2-3 коцки лед

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *