Пилатесот е фитнес метода создадена во почетокот на 20-тиот век од стана на Јозеф Пилатес, гимнастичар со грчко потекло кој живеел во Германија. За време на Втората светска војна тој создал систем на вежби чија цел било подобрување и рехабилитација на ранетите војници. Јозеф верувал дека менталното и физичкото здравје се тесно поврзани, така што неговиот спој на вежби бил со таква природа односно, да го поврзе умот со телото. Имајќи во предвид дека првичната замисла му била да помогне на ранените војници несомнено е дека вежбањето пилатес има пред се терапевска моќ врз нашето физичко и ментално здравје.

Кои се најголемите придобивки од континуираното вежбање пилатес:
- Пилатесот го продолжува животениот век, истовремено подобрувајќи го квалитетот на живот;
-
Го намалува ризикот од кардио-васкуларни болести;
-
Го намалува ризикот од висок крвен притосок;
-
Исто така помага за регулирање на крвниот притисок кај луѓе кои веќе имаат имаат проблем со притисокот (ја подобрува циркулацијата);
-
Го намалува ризикот од развој на канцер на дебелото црево;
-
Помага во контрола на депресијата и анксиозноста (го намалува стресот, напнатоста и Ви дава енергија);
-
Го забавува стереењето и ве прави со текот на годините да се чувствувате многу посилно и повитално;
-
Помага за одржување на здрав коскено-мускулен систем;
-
Го јакне ‘рбетот, го прави по флексибилен и ги намалува болките во грбот;
-
Ве учи како правилно да го координирате телото, умот и духот;
- Ве полни со позитивна енергија и Ви дава мотивација полесно да се справите со сите предизвици на животот;
-
Го подобрува изгледот и ја зголемува самодовербата.

Затоа не двоумете се во изборот на физичка активност со која би требало да се занимавате. За да се забележат значајни промени потребно е континуирано вежбање пилатес неколку месеци. Но, дури и после првиот час верувајте дека ќе го почуствувате протокот на енергија низ целото тело.








