Skip to content (Press Enter)
FITLIFE

FITLIFE

Совети за здрава исхрана, фитнес и убавина

  • Исхрана
    • Рецепти
      • Појадок
      • Оброци
      • Салати
      • Супи
      • Здрави десерти
      • Намази
      • Напитоци
    • Рецепти за бебе
      • 6+
      • 7+
      • 8+
      • 9+
      • 10+
      • 11+
      • 12+
    • Слабеење
    • Совети
    • Суперхрана
  • Здравје
    • Детоксикација
    • Имунитет
    • Женско здравје
      • Совети
      • Забременување
      • Бременост
      • Бебе
    • Машко здравје
      • Потенција
      • Плодност
    • Витамини
    • Минерали
    • Совети
    • Предизвици
      • 30 дневен смути предизвик
      • 7 дена здрав појадок
      • 7 дена свежи салати
      • 7 дена свежи сокови
  • Фитнес
    • Совети
    • Вежби
    • Пилатес
    • Аеробик
    • Зумба
    • Јога
    • Мотивација
    • Настани
  • Убавина
    • Нега на тело
    • Нега на лице
    • Нега на коса
    • Совети
  • За FitLife
  • Маркетинг
  • Фитнес Студио
FITLIFE

FITLIFE

Совети за здрава исхрана, фитнес и убавина

  • Исхрана
    • Рецепти
      • Појадок
      • Оброци
      • Салати
      • Супи
      • Здрави десерти
      • Намази
      • Напитоци
    • Рецепти за бебе
      • 6+
      • 7+
      • 8+
      • 9+
      • 10+
      • 11+
      • 12+
    • Слабеење
    • Совети
    • Суперхрана
  • Здравје
    • Детоксикација
    • Имунитет
    • Женско здравје
      • Совети
      • Забременување
      • Бременост
      • Бебе
    • Машко здравје
      • Потенција
      • Плодност
    • Витамини
    • Минерали
    • Совети
    • Предизвици
      • 30 дневен смути предизвик
      • 7 дена здрав појадок
      • 7 дена свежи салати
      • 7 дена свежи сокови
  • Фитнес
    • Совети
    • Вежби
    • Пилатес
    • Аеробик
    • Зумба
    • Јога
    • Мотивација
    • Настани
  • Убавина
    • Нега на тело
    • Нега на лице
    • Нега на коса
    • Совети
  • За FitLife
  • Маркетинг
  • Фитнес Студио

Пилатес

October 27, 2019

Зошто ЈОГАЛАТЕС?

Јогалатесот претставува фитнес јога на која ќе научите како да бидете пријатели со вашето тело. Јогалатесот е многу подинамичен од …

Прочитај повеќе
October 11, 2019

Вежбање во текот на бременоста

Вежбањето има огромни придобивки за нашето здравје, но кога се во прашање трудниците листата на придобивки е уште поголема. Секако, …

Прочитај повеќе
September 22, 2019

Пилатесот и возраста: Ефективен начин да останете здрави, млади и фит

Ако во младоста ни е битно да изгледаме привлечно и убаво, како што течат годините физичкиот изглед е се помалку …

Прочитај повеќе
September 17, 2019

Хидратација за време на тренинг – Дали и колку вода треба да пиеме? 

Постои некое непишано правило дека во текот на денот треба да пиеме минимум 8 чаши вода, а во случај на …

Прочитај повеќе
August 15, 2019

Зошто е важно истегнувањето? Дали само луѓето кои тренираат треба да се истегнуваат?

Не е доволно да имате само цврсти и ‘големи’ мускули. Кога е во прашање физичкиот перформанс, мора секогаш да имаме …

Прочитај повеќе
July 31, 2019

Мојата пилатес приказна и бременоста

9 активни месеци, па потоа царски рез, бебе и пак назад во сала за еден месец…. Ви ја пренесувам искрено …

Прочитај повеќе
July 15, 2019

Што да јадете после тренинг?

Многу често добивам прашање, што јас јадам после тренинг и што е добро да се јаде? Од сликата е јасно …

Прочитај повеќе
June 19, 2019

Вежбањето може да ве направи посреќни отколку парите

Истражувачи од Оксфорд направиле истражување и потврдиле дека вежбањето е многу поважно за нашето ментално здравје, отколку економскиот статус. Научниците …

Прочитај повеќе
January 19, 2019

Зошто Пилатес?

Дали сте во потрга по активност која ќе ви го раздвижи цело тело, ќе ве направи да се чувствувате убаво …

Прочитај повеќе
September 14, 2018

7 научно докажани начини кои ќе ве мотивираат да вежбате

Здравјето и убавиот изглед се најголемите мотиватори за започнување со одредена физичка активност, но понекогаш некои мали ситници навистина знаат …

Прочитај повеќе
September 7, 2018

Како да ја одржите мотивацијата за вежбање?

Го знаете ли она чувство кога гледате некоја супер згодна девојка која неуморно трча, прави неверојатни вежби и изгледа како …

Прочитај повеќе
August 10, 2018

7 причини зошто пилатесот ќе ви го направи животот поубав

Кога имате тежок ден на работа, и одењето во теретана после тоа ви звучи тешко и исцрпувачко, тука е пилатесот …

Прочитај повеќе
July 27, 2018

4 пилатес вежби за убаво обликувани нозе и задник

Убаво обликуван задник и затегнати нозе без целулит се сон на секоја жена…Прекумерното седење го предизвикува баш спротивното, таложење масно …

Прочитај повеќе
February 17, 2018

15 причини зошто треба да вежбате наутро

Сите сме свесни дека вежбањето е неопходно за да го одржиме и менталното, но и физичкото здравје. Но, дали знаете …

Прочитај повеќе
January 6, 2018

20 интересни факти за Пилатесот кои можеби не ги знаете

Пилатесот е една од најдобрите физички активности за одржување на здравјето, подвижноста на зглобовите, намалување на болките во грбот, подобрување …

Прочитај повеќе
October 8, 2017

Кои се придобивките од утринскиот тренинг?

Утринскиот тренинг е одличен начин да го разбудите телото, да го забрзате метаболизмот и да добиете доза позитивна енергија која …

Прочитај повеќе
August 19, 2017

Зошто да изберете пилатес со топка?

Пилатесот со топка е извонреден начин на тонирање на мускулите на целото тело. Разликата помеѓу обичниот пилатес на простирка и …

Прочитај повеќе
July 19, 2017

Како да го направите здравиот начин на исхрана и вежбањето животен стил (20 основни правила)

Поставувањето на строги правила во секојдневното живеење е навистина тешко и скоро никогаш не завршува со убав резултат, затоа што …

Прочитај повеќе
July 16, 2017

Предности од пилатесот: 6 причини зошто секоја жена би требало да вежба пилатес

Кога станува збор за пилатес, повеќето жени кои пробале знаат дека тоа е вистинската физичка активност за телото која ги …

Прочитај повеќе
February 28, 2017

5 вежби кои можете да ги правите на работното место

Проблемите со болки во грбот и искривувања на ‘рбетот можеби порано беа карактеристични само за повозрасните, но денес се повеќе …

Прочитај повеќе

Posts navigation

1 2

Пребарај

Добивајте ги најновите артикли по e-mail пред сите други

Invalid email address
FITLIFE e вашиот водич за поздрав и поубав живот
Ви благодариме

Пресметајте колку калории во денот да внесувате за да слабеете

  • Калкулатор на калории

Превземете бесплатно

  • 7 дена свежи салати
  • 7 дена здрав појадок
  • 30 дневен смути предизвик

Instagram feed

dragana_fitlife

Палачинки од цели зрна хељд Палачинки од цели зрна хељда 🥞

Бидејќи повеќето гласавте да го ставам рецептот и на feed еве ме.
Нека го има ќе се најде 😊  

Состојките и нутритивните вредности ги имате на сликата.

Начин на подготовка:
Хељдата е потребно да ја кинсете во вода минимум 4 часа, но најдобро преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и убаво измијте ги зрната па префрлете ги во блендер (без вода) заедно со јајцето, бананата и кокосовото млеко. Ако сакате по желба можете да додадете и малку ванила. Убаво изблендирајте и смесата за палачинките е готова.

Пржете ги палачинките во убаво загреана тава што не лепи. 
Кај мене прелесно се вртеа и печењето беше навистина брзо.
Од оваа количина јас добив точно 12 палачинки. 
Можете да ги јадете со овошје и со путер од јатки, со џем или со било каков намаз.

Оваа комбинација можете да ја направите и во неутрална верзија додавајќи павлака/грчки јогурт наместо бананата и кокосовото млеко.

До следно здраво готвење ❤
Овесни колачиња со моцарела или урда 🥨

Нема некоја филозофија во правењето здрави колачиња, можат на 100 слични, но различни начини. 

Овој пат со Ана направивме солени овесни колачиња кои беа феноменални.

Состојките и подготовката ги имате погоре.

Се печат на температура од 160˚С околу 15-тина минути. Но, следете си ги затоа што секоја рерна е различна. Мојата е прилично јака па работите брзо ми горат ако не ги внимавам и затоа не сум некој репер за степени.

Можете да ги комбинирате со хумус, павлака, грчки јогурт, ајвар, само со јогурт. Имате слобода да бирате многу различни комбинации затоа што имаат неутрален и одличен вкус, а се супер нутривно богати.

Нутритивни вредности по колаче:
· 94 калории
· 10.9 g јаглехидрати од кои 1.8 g влакна
·  3.2 g масти од кои 1.8 g заситени
·  4.5 g протеини 

На здравје, до следно готвење ❤

И благодариме на @creativity_by_maja
за креативните и персоналозорсни престилки за меме и Ана 👩‍🍳
.
.
#food #cooking #motivation #eatgood #cookies #love
Многу се радувам што полека Многу се радувам што полека но сигурно колагенот си го вметнав во дневната рутина, едвај чекам да помине некое време за да ги почувствувам првите резултати. Пред некој ден на сајтот споделив статија во која објаснив подетално повеќе аспекти за колагенот. 

Целата статија можете да ја најдете на www.fitlife.com.mk во категоријата здравје, но овде вака во кратки црти ќе ви набројам некои од придобивките од консумирање на колаген: 

💅	подобрување на изгледот, еластичноста и хидратацијата на кожата, косата и ноктите; 
🏋️‍♂️поддршка на зглобовите и мускулите; 
💪🏽зголемување на мускулната маса и сила; 
🏃‍♂️превенција од губење на коскеното ткиво; 
❤	подобро кардиоваскуларно здравје.

Добрата страна на @dimas_healthy_habit_product колагенот што го користам е тоа што се наоѓа во форма на прашок и може да се меша со течности и храна па ми е идеално да си го вметнам во моите утрински ритуали. 
Првите неколку денови кога започнав да го пијам го пиев со сок од лимон веднаш после утринското кафе, но денес количината од 10 g која се препорачува да се внесува на ден ја вметнав во мојот појадок. 

Еве ви го кратко и пребрзо рецептче за балансиран и здрав појадок 
_______________
Овесна каша со колаген и малини 🥄

Потребни состојки: 
•	3 лажици овесни снегулки
•	1 лажица чиа семе 
•	150 ml вода 
•	10 g колаген – @dimas_healthy_habit_product
•	1 лажица путер од лешник (може од било кои јатки или пак таан) 
•	1 мала лажичка мед
•	1 мала пасирана банана 
•	замрзнати малини
•	за декорација: неколку бадеми и кокосов чипс. 

Подготовка: 
Овесот, чиа семето и водата ги ставив на оган да се варат, но на ниска температура и многу кратко, можеби 1 или 2 минути. Смесата многу брзо се згусна па ја тргнав од оган и во неа го додадов колагенот, путерот од лешник, медот и бананата. На крај додадов замрзнати малини и убаво измешав. Декорирав со неколку непечени бадеми и кокосов чипс. 
Нутритивните вредности на оваа овесна каша можете да видите на втората слика од слајдот.
Интегрално лепче со суво гр Интегрално лепче со суво грозје 🍞

Ова лепче е идеална опција за појадок заедно со малку путер од јатки, некое свежо сезонско овошје и чаша топол чај. 
Се подготвува лесно и брзо, а завиткано во фолија може да биде меко и вкусно дури и 3-4 дена. 

Потребни состојки: 
•	300-350 g интегрално пченично брашно (првин ставете 300 g, а потоа ќе додавате колку ќе впива смесата) 
•	1 лажичка цимет 
•	1 кесичка квасец во прав (7 g)
•	70 g суво грозје 
•	40 g путер путер 
•	120 ml овесно млеко (може и било какво друго) 
•	2 лажици мед 
•	1 јајце.

Начин на подготовка: 
Првин во длабок сад измешајте го брашното, циметот, квасецот и сувото грозје. Во тенџере на тивок оган загрејте го овесното млеко и во него ставете го путерот. Не загревајте до вриење, туку само малку на тивко за да се стопи путерот. Потоа тргнете ја смесата од оган и во неа додадете ги двете лажици мед (може да се стави и друг засладувач). Измешајте убаво и додадете ја оваа смеса во смесата со брашното. Измешајте со лажица и на крај ставете го јајцето па почнете да месите со раце. 

На самиот почеток тестото ќе почне да се лепи по раце, но додавајте брашно се додека не се формира убаво топче кое може да се меси. Формирајте долгнавеста векна и одозгора по желба наросете ја со овесни снегулки и ленено семе. 

Ставете ја векната на хартија за печење во плехче покриена одозгора со крпа и оставете ја на топло околу 1 час (да стаса). Јас за најоптимално ја ставив 1 час на 50 степени во рерна. Си нарасна двојно.  После еден час тргнете ја крпата, покријте ја со фолија и печете ја 15-тина минути на 180˚С и уште 15 минути на 120-130 ˚С. Проверете на крај со чачкалица дали е готово лепчето. 
Замоткајте го пак во крпа за да омекне после печењето.

Уживајте во богатиот и вкусен вкус (освен со путер од јатки и овошје, може да се комбинира секако и со некој домашен џем). 

На здравје 😊
.
.
.
#wholegrain #fitnessmotivation #fit #cooking #instacook #healthyfood #healthylifestyle #healthyliving
Одличен предлог за лесна ве Одличен предлог за лесна вечера или ручек: Зелена салата со печени печурки и тиквичка 🥒🌶🥗

Многу сакам салати, значи премногу!!! На ручек не седнувам ако нема салата и тоа си го негувам дури и од детството. Се сеќавам дека еднаш се расправав со мајка ми зошто не направила салата со зелка манџа, жената ме убедуваше дека не иде салата ама мене си ми фалеше 😊

Претпоставувам дека повеќето од вас сте каснале малку повеќе за празниците па еден ваков предлог за лесна вечера ќе ви дојде супер. 

Баш е low carb, се подготвува брзо и лесно и е највкусна на свет.  Јас ќе си ја правам почесто дефинитивно!

Еве што ставив: 
🥗 свежа марула
🥗 малку рукола
🥗	½ краставичка
🥗 1 црвена пиперка (не е задолжителна) 
🥗 ½ тиквица
🥗 5-6 шампињони 
🥗 3-4 маслинки 
🥗 многу малку рендан пармезан 
🥗 1 лажица мелени семиња (имам во тегличка мешавина од лен, сусам, семки од тиква и семки од сончоглед) 
🥗 малку сол 
🥗	прелив: 1 лажица сок од лимон, малку маслиново масло, 1 лажичка сенф. 

Подготовка: 
Тиквичката и печурките насечкајте ги на коцки и кратко запржете ги во тава што не лепи со капка маслиново масло или пак без масло. 

Кога ќе омекнат печурките и тиквичката измешајте ги заедно со сите други состојки, ставете малку сол, а одозгора прелијте со преливот. 
Ете толку е! 

Лесно, здраво, брзо и превкусно! 
Аkо направите ќе ве очекувам со таг 💚
Полнети посни енергетски бомбици 

Овие бомбици се паралела на колачињата од пред некој ден, состојките се скоро идентични, но главната разлика е што овие полнети бомбици се посни и не се печат. 
Се подготвуваат многу лесно и брзо и за помалку од 20 минути имате одличен здрав десерт/ужинка. 

Можат да бидат супер надополнување на божиќната трпеза. 

Бидејќи може да се случи да немате во моментот некои од состојките (денес е неработен ден) до секоја состојка ќе ви пишам некоја алтернатива. 

Потребни состојки: 
•	150 g непечени и несолени бадеми (може и било кои други несолени јатки)
•	100 g интегрален сусам – може да се замени со кокосови трошки 
•	100 g овесни снегулки – може да се стават било какви снегулки 
•	10-тина суви сливи (киснати во вода околу 2 часа или во топла вода 30 минути) – може да се заменат со било кое суво овошје
•	2 лажици путер од лешник или од било кои јатки (може да се замени со кокосово масло) 
•	1 лажичка какао – не е неопходно 
•	1 лажица мед – било кој друг засладувач ако немате мед 
•	3-4 лажици кокосово млеко – било кое друго билно млеко, но може и со некој природен сок 
•	2-3 лажици било каков џем по желба – јас користев од малини. 

Начин на подготовка: 
Најпрвин во блендер ставете ги заедно бадемите, сусамот, овесните снегулки и какаото. Убаво измелете ги, смесата ќе се соедини и ќе стане еднолична. 

Со рачен или со обичен блендер изблендирајте ги и течните состојки (сувите сливи, путерот од лешник, медот и кокосовото млеко) кои имаат за цел да ја врзат смесата.

Кога убаво ќе се соединат течните состојки спојте ја течната смеса со сувата смеса. 
Доколку самата смеса ви личи многу густа додадете уште малку билно млеко, а ако е ретка додадете овесни снегулки. Можете да почекате 10-15 минути пред да правите топчиња затоа што тоа е доволно време овесот и другите состојки да впијат малку од влагата и многу полесно да се обликуваат. 

Направете топчиња и на секое топче одозгора со прст направете му дупче. Во дупчето ставете џем по желба. 

Уживајте во овој прекрасен здрав десерт заедно со најблиски! 

На здравје ❤
.
.
.
#healthyfood #healthydessert #foodphotography #eatclean #eatgood #cookingwithlove #love #fitmotivation #motivation
Колачиња со просо, овесни снегулки и бадеми 🍪

Ова е првиот рецепт за оваа година, нека биде благо за да тргне годината 😊 

Потребни состојки (за 16 поголеми колачиња): 

•	130 g овесни снегулки 
•	130 g просо (сирово, не треба да се вари) 
•	100 g непечени и несолени бадеми 
•	1 лажичка пециво 
•	100 g мешавина од суви сливи и брусница (киснати во вода минимум 2 часа или 30 минути во топла вода) 
•	1 лажица мед
•	2 лажици путер од лешник (може да се замени со друг путер од јатки, со обичен млечен путер или пак со маслиново масло) 
•	2 лажици кокосово млеко
•	малку цимет 
•	1 јајце 
•	малку сок од портокал. 

Начин на подготовка: 

Просото, овесните снегулки и бадемите треба да ги ставите во белндер за убаво да ги измелете, треба да се добие баш брашнеста смеса. Јас малку избрзав и не блендирав доволно долго па имаше останато некои цели зрна просо кои ми крцкаа, не дека е лошо и ми смета ама еве чисто како препорака – блендирајте подолго за да стане побрашнесто. 

Во оваа смеса потоа додадете го пецивото и наросете малку цимет па убаво измешајте. 

Вториот дел од постапката е подготовка на течниот дел кој исто така се подготвува во бледнер. Јас користев рачен, но може било каков. Ставете ги сувите сливи и брусници, медот, путерот од лешник, кокосовото млеко, јајцето и сокот од портокал и убаво избледнирајте ги. 

На крај двете смеси соединете ги. Потребно е да добиете густа смеса која ќе може да се обликува во точиња. Доколку сместа е ретка додаде малку овесни снегулки, а ако е многу густа додадете уште малку сок од портокал или кокосово млеко. 

Направете топчиња и потиснете ги одозгора за да се направат како колачиња. 
Печете ги 12-15 минути на 160˚С и потоа уште 15тина минути на 120-130˚C.

Одозгора можете да им ставите стопено чоколадно, но и без се секако одлични. 
Совршени е за појадок заедно со овошје или пак како здрава ужинка во било кој дел од денот.
.
www.fitlife.com.mk
.
.
.
#fitmotivation #cookingwithlove #cookies #cook #motherdaughter #childcooking #fitlifemk #motivation
Многу од вас веќе си поставиле правила, желби и планови за она што сакаат да го променат во оваа година.

Сигурно го знаете правилото дека не е паметно да промените 10 навики за неколку денови затоа што многу лесно и брзо ќе се откажете и ќе дојдете пак на почеток, па можеби дури и малку поназад.
Рестрикција, правила, забрани….на никој не му е пријатно тоа. Кратко после еден таков период ќе следи демотивираност, лутина и лошо и непријатно чувство на немоќ.

Кога веќе си задавате правила, направете го тоа реално и започнете полека. Она што треба да го направите за да имате успех кога е во прашање промена на животниот стил е:

✔да си го смените односот кон храната;
✔да ја засакате физичката активност и да ви стане нормална рутина во секојдневието.

Поврзаноста на животниот стил со квалитетот на живот и со нашето физичко и ментално здравје е огромна. 

Сигурна сум дека оние кои веќе го сфатиле тоа знаат на што точно мислам, но оваа објава ја пишувам за да успеам да допрам до оние кои мислат дека еднаш се живее и дека не е битно дали јадеш хамбургер или овесна палачинка, дали вежбаш или не вежбаш, битно е да си среќен. 

Среќата доаѓа од нашата внатрешна благосостојба која е збир од повеќе варијабли. Врз некои за жал немаме многу влијание, но повеќето се во наши раце.
Пробајте да си ги смените навиките и ќе сфатите дека сте си го смениле животот и погледот кон нештата.

Здравата храна и активноста се еден од аспектите кои ќе ви помогнат поблиску да дојдете до тоа. И не го правете тоа за да изгледате убаво физички, секако ќе изгледате затоа што пред се ќе зрачите со внатрешна убавина и позитивна енергија која не поминува не забележана.

Среќна НОВА ГОДИНА моја инста дружино! ❤🎄🌟

Се надевам дека ќе успеам да ве мотивирам и оваа 2021 година да бидете поздрава верзија од себе ❤
Следната година правете многу повеќе од работите кои ве прават среќни и ве исполнуваат ❤

Смејте се, уживајте, радувајте се, гушкајте ги почесто најблиските и ширете убава енергија и повеќе љубов.

Пробајте да го најдете тоа најситно парче позитива во секоја лоша работа и најважно вложувајте во себе и трудете се секој ден да бидете подобра верзија од вчера. 

Никогаш не бидете негативни со никој само затоа што вие сте имале лош ден. 

Не се споредувајте и не се натпреварувајте со никој освен со себе. 

Сите сме посебни и уникатни, но и одговорни за нашата среќа и успешност ❤ 

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА ❤
.
.
.
.
.
outfit: @sportjo_
Load More... Follow on Instagram

Facebook

fitlife-studio

FITLIFE FITNESS STUDIO НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ
(Кисела Вода и Козле)

ПОВЕЌЕ ИНФО на тел
071 273 982

Нови артикли

  • Палачинки од цели зрна хељда January 21, 2021
  • Овесни колачиња со моцарела или урда January 17, 2021
  • Се што треба да знаете за колагенот January 13, 2021
  • Интегрално лепче со суво грозје January 11, 2021

Популарни теми

Пилатес Фитнес аеробик активност балансирани оброци бременост вежби вечера детоксикација диета здрава ужина здрава храна здрави десерти здрави намази здрави оброци здрави рецепти здрав појадок здравје имунитет исхрана кето килограми кожа козметика кујна направи сам настани нега посно појадок предизвик природна козметика природна храна рецепти рецепти за бебе рецепти за деца ручек салати слабеење совети суперхрана убавина утрински ритуали храна хроно

© Copyright 2016 -    |   Fitlife.com.mk   
Сите права задржани

© 2021 FITLIFE. Metro Magazine | Developed By Rara Theme. Powered by WordPress.
en_USEnglish
en_USEnglish