Вежбањето може да ве направи посреќни отколку парите

Споделете со пријателите

Истражувачи од Оксфорд направиле истражување и потврдиле дека вежбањето е многу поважно за нашето ментално здравје, отколку економскиот статус.

Научниците заклучиле дека оние кои вежбале регуларно се чувствувале лошо околу 35 дена во годината, додека тие кои немале физичка активност се чувствувале лошо уште дополнителни 18 дена плус годишно.

Тимот на истражувачи исто така заклучил дека групните спортови имаат многу поголем позитивен ефект врз менталното и физичкото здравје.

Во студијата објавена во The Lanacet научниците собрале податоци за физичката активност и менталното расположение кај повеќе од 1.2 милиони американци. Учесниците во студијата имале околу 75 различни типови на физичка активност како: кревање тегови, трчање, возење велосипед и слично.

Секој од учесниците требало да одговори на прашањето “Колку пати се почувствувал ментално лошо во последните 30 дена, на пример како резултат на депресија, стрес или емоционални проблеми”?

Оние кои биле повеќе активни, биле посреќни.

Покрај тоа, истражувачите откриле дека физички активните луѓе се чувствуваат исто толку добри како и оние што не спортуваат, но кои заработуваат околу 25.000 долари годишно.

Но, од друга страна пак премногу физичка активност може да биде штетна за вашето ментално здравје.

Вежбањето е добро и сите сме свесни, но колку е премногу?

“Односот помеѓу времетраењето на физичката активност и менталното оптоварување е во облик на буквата U”, вели авторот на студијата, Adam Chekroud од Универзитетот во Јеил, во интервјуто за Die Welt. Студијата покажала дека физичката активност само придонесува за подобра ментална благосостојба кога се изведува во одредена рамка.

Според оваа студија, 3 до 5 пати неделно по 30 до 60 минути е идеално време за физичка активност. Повеќе од ова може да има спротивен ефект.

Позитивните ефекти од физичката активност се неминовни и особено се изразени кога се практикуваат групни спортови во кои покрај вежбање доаѓа и до социјализација. Такви спортови се аеробик, пилатес, зумба, јога и слично. Кога вежбате групна физичка активност добивате дополнителна мотивација од самата група, позитивната енергија се удвојува и едноставно се чувствувате многу подобро.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *