Зошто ЈОГАЛАТЕС?

Споделете со пријателите

Јогалатесот претставува фитнес јога на која ќе научите како да бидете пријатели со вашето тело.

Јогалатесот е многу подинамичен од класичната јога и претставува креативен начин на комбинирање на асаните, фитнес позициите и дишењето како главни елементи.

Овие часови можат да ги практикуваат луѓе кои се кондиционо спремни, но и почетници. Исто така доколку професионално се занимавате со спорт или пак имате интензивни тренинзи, овој тип на тренинг е одличен за опуштање на мускулите, за длабоко истегнување и за регенерација.

Јогалатесот во споредба со класичната јога е многу подинамичен и е одличен за слабеење. Јогалатес можат да го вежбаат сите без разлика на возраста.

Јогалатесот е одличен за ослободување од стресот и за емоционална стабилизација. Иако овој тренинг нема толку длабока медитациска основа како јогата, сепак содржи вежби за релаксација кои позитивно влијаат на психолошката благосостојба.

Вежбите во овие тренинзи се во основа Пилатес вежби кои ги зајакнуваат мускулите пропорционално и тоа особено мускулите на стомакот, мускулите околу ‘рбетот и мускулите на нозете и задникот. Сето тоа придонесува за подобро држење на телото.

Јога елементите во овие тренинзи ги прават ‘рбетот и зглобовите повеќе мобилни и флексибилни и помагаат за намалување на стресот и напнатоста.

Јогалатесот е одличен тренинг за превенција на проблеми кои се поврзани со мускуло-скелетниот систем, а се асоцирани со возраста како што е остеопорозата и артритисот.

Дополнително овој тренинг ја подобрува работата на белите дробови и срцето и помага за забрзување на метаболизмот.

Овие тренинзи се одлични затоа што јогата дава флексибилност, а пилатесот дава сила.

Систематскиот пристап на овој тип на вежби помага мускулите да станат силни и еластични, да се подобри лимфнатата циркулација и протокот на крв во телото, да се воспостави емоционална рамнотежа и да се зголеми нивото на енергија во телото.

Покрај сето тоа, овие тренинзи се одлични и за намалување на телесната тежина затоа што вежбите од пилатес помагаат телото да стане витко и тонирано.

Вежбите во јогалатесот се изведуваат со вовлечен стомак и градно дишење, додека кај повеќето асани од јога, дишењето е и со градите и со стомакот.

Вежбањето јогалатес покрај тоа што има позитивни ефекти врз развојот на физичка сила и тонус на мускулите има и големо позитивно влијание на внатрешните органи во телото.

Секоја асана има одреден позитивен ефект врз работата на внатрешните органи и помага за ослободување на умот и духот од негативната енергија и стресот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *