Улогата на Д-манозата во превенција и третман на уринарни инфекции

Споделете со пријателите

Уринарните инфекции и тоа особено оние кај кои предизвикувач е E.Coli знаат да бидат навистина непријатни и повторувачки. Уринарната инфекција не смее да биде не третирана, но антибиотската терапија не е секогаш терапија од прв избор. Честата примена на антибиотици може да даде дополнителни несакани ефект како развој на резистентни соеви на бактерии, нарушување на нормално присутната микрофлора во организмот со што телото станува поранливo на дополнителни инфекции. Од друга страна антибиотиците можат да предизвикаат пореметувања со гастроинтестиналниот тракт, гадење повраќање и слично.

Д-манозата е природен шеќер кој може да даде одлични резултати за третман и превенција на уринарни инфекции. За разлика од антибиотската терапија овој шеќер нема несакани ефекти и е сосема безбеден за употреба.

Што е д-маноза?

Д-маноза е прост шеќер кој природно се наоѓа во нашето тело. Овој шеќер е присутен во некои растенија во форма на скроб. Д-манозата може да се најде во: брусница, јаболка, портокали, праски, брокули, некои мешунки и слично.

Овој шеќер е исто така присутен и во некои природни додатоци во исхрана кои се достапни како прашоци или капсули.

Многу луѓе користат Д-маноза за лекување и спречување на инфекции на уринарниот тракт. Овој шеќер го блокира размножувањето на одредени бактерии кои можат да го нарушат нормално функционирање на уринарниот систем.

На кој начин Д-манозата делува кај уринарни инфекции? 

Бактеријата E.Coli е предизвикувач на 90% од уринарните инфекции. Кога оваа бактерија ќе навлезе во уринарниот тракт, таа се “закачува” за клетките на уринарниот тракт и започнува да се размножува и предизвикува инфекција. Механизмот на дејство кој го има д-манозата против оваа бактерија е на начин што спречува прилепување на бактеријата на ѕидовите на уринарниот тракт. Всушност, д-манозата ја привлекува бактеријата E.coli и таа се лепи на молекулата на овој прост шеќер и потоа се исфрла преку урината.

In case of cystitis take Femannose® N | Melisana Healthcare

Консумирањето на д-маноза за третман на уринарни инфекции нема несакани ефекти како што има од антибиотската терапија затоа што д-манозата не влијае негативно на бактериите кои нормално го колонизираат уринарниот тракт. Д-манозата се препорачува да се применува и после примена на антибиотици за да се спречат последователните уринарни инфекции кои можат да настанат.

Студија 2013-та година го еволуирала ефектот на д-манозата кај 308 жени кои имале чести уринарни инфекции. Резултатите од студијата покажале дека д-манозата имала ефект скоро идентичен како и антибиотикот нитрофурантион.

Во друга студија од 2014-та година д-манозата ја споредиле со антибиотската терапија триметоприм-сулфометоксазол за третман на фреквентни уринарни инфекции кај 60 жени. Се покажало дека д-манозата ги намалува симптомите на уринарните инфекција кај жени кои имале активна инфекција. Д-манозата била поефикасна од антибиотикот за превенција на дополнителни инфекции.

Исто така и во студија од 2016-та година бил испитуван ефектот на д-манозата кај 43 жени со активна уринарна инфекција. Примената на д-маноза на крајот на студијата покажала дека кај сите жени дала подобрување на симптомите.

Ефектот на Д-маноза е 10-50 пати посилен од сокот од брусница.

Препорачана доза на Д-маноза е околу 2 g на ден, најмалку седум дена едноподруго.

Сепак дозирањето и начинот на употреба зависат од индикацијата за која се користи и секогаш треба да бидат во консултација со доктор или фармацевт.

D-MANURO KESICE

D-manuro e прашок за припрема на перорален раствор кој содржи д-маноза. Дејствува брзо и ги ублажува симптомите кај инфекции предизвикани од E.coli за 30 до 60 минути. Нема несакани ефекти и може да се користи и кај деца над 3 годишна возраст. Дозирањето и начинот на примена зависат од возраста и од индикацијата за која се користи, дали станува збор за превенција на уринарни инфекции или пак за третман на акутни инфекции.

D-manuro можете да го најдете во сите подобро снабдени аптеки.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *