Home Исхрана Вегански безглутенски тестенини со со бел алфредо сос

Вегански безглутенски тестенини со со бел алфредо сос

6
0

За сите љубители на здрави предлози за ручек имаме одличен рецепт за безглутенски тестенини со вкусен бел сос во кој нема ниту јајца, ниту пак млеко со лакотза.

Изненадите ги најблиските со овој прекрасен лесен ручек на кој ретко кој би останал рамнодушен.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • безглутенски тестенини
  • кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • 300 g карфиол
  • 50 g непечени индиски ореви
  • 250 ml вода
  • ½ лажичка лук во прав
  • хималајска сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Тестенините ги вариме.

Кромидот ситно го сечкаме и го пропржуваме во маслиново масло. Во тавчето го додаваме карфиолот, индиските ореви, водата и зачините. Вариме на тивок оган околу 15-тина минути дури карфиолот не омекне.

Потоа целата смеа ја ставаме во сецко/блендер и мешаме дури не добиеме густ кремаст алфредо сос.

Во чинија за послужување ставаме од сварените безглутенски тестенини, а потоа и од сосот. Наросуваме со свеж магдонос.

Нутритивни вредности по порција:

649 калории, 122 g јаглехидрати, 12 g масти и 15 g протеини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here