Одличен предлог за вкусен, здрав и освежувачки оброк.
Ако немате идеа што вкусно и здраво да направите за ручек, тогаш подгответе ја оваа едноставна салата од сезонски зеленчуци збогатена со дресинг од авокадо и семиња – вкусот е неодолив
Нутритивни вредности по порција: 357 калории, 43.9 јаглехидрати, 23.3 g масти и 7 g протеини.
Потребни состојки (за 2 порции):
за дресингот:
- 1 авокадо (зрело и меко)
- 2 лажици маслиново масло
- малку хималајска сол
- сок од 1/2 лимон
за салатата:
- марула
- црвена зелка
- зелена зелка
- домати
- моркови
- зелена пиперка
- црвена пиперка
- млад кромид
- ротквица
- варена пченка
- 1 лажичка ленено семе
- околу 30 g суво грозје
Начин на подготовка:
Авокадото изгмечете го со виљушка и во него додадете го сокот од лимон, маслото и солта.
Зеленчукот го сечкаме на посакувани парченца и го мешаме заедно во длабок сад. На крај го додаваме ленено семе, сувото грозје и одозгора го ставаме претходно подготвениот дресинг.








