Home Рецепти Здрави десерти Здрави новогодишни чоколатца

Здрави новогодишни чоколатца

10
0

Овој рецепт е само за вистинските љубители на чоколадото, одличен предлог како дома сами да си подготвите здраво црно чоколадо 🙂

Потребни состојки:

  • 4 лажици какао во прав
  • 100 g какао путер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • силиконски калапи за чоколадо.

Начин на подготовка:

Најпрвин на оган стопете го какао путерот и кокосовото масло, потоа со интензивно мешање во стопениот какао путер полека додадете го какаото и медот. Мешајте дури не се соедини смесата и не се добие убава и хомогена чоколадна структура. Внимателно истурајте го чоколадото во силиконските калапчиња и оставете да се стегне во фрижидер околу 1 час.

За да биде појасно, погледнете го нашиот видео рецепт.

Убави празнични денови! На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here