Home Исхрана 4 вкусни и здрави рецепти за ручек за кои ви се потребни...

4 вкусни и здрави рецепти за ручек за кои ви се потребни помалку од 15 минути

154
0

Ако мислите дека готвењето одзема многу време, не сте сосема искрени со себе си. Има многу оброци кои се вкусни и здрави, а за кои ви се потребни само околу петнаесетина минути.

За да готвите и да се храните здраво, треба да имате само вистинска желба и малку иницијатива!

Еве 4 мои предлози за вкусен ручек кој јас често ги правам кога сум во брзање.

1. Туна со зеленчук

Овој оброк е многу едноставен и брз, затоа што туната совршено се комбинира со повеќе зеленчуци. Можете да направите салата од марула, пченка, кромид и рендани моркови и да ја зачините со маслиново масло, хималајска сол и сок од лимон.

Совршен, брз ручек кој содржи помалку од 400 калории.

2. Интегрални лепчиња со моцарела и домат

Интегралните лепчиња премачкајте ги со малку путер и моцарела, па кратко запечете ги. На крај додадете свеж домат и многу малку босилек. Ќе добиете совршен, лесен оброк. Бројот на калории кои ќе ги внесете ќе зависи од лебот што го користите, и секако од количината која ќе ја изедете. Но сепак две-три вакви интегрални лепчиња нема да бидат повеќе од 400 калории.

3. Омлет со зеленчук

Јајцата нека ви бидат секогаш во листата на оброци кога не знаете што да јадете, со нив не можете да згрешите. Јајцето е полновредна намирница која содржи многу квалитетни протеини, масти и витамини. Одличен сојузник е на добрата фигура, доколку правилно се комбинира.

Омлет со зеленчук е секогаш добар избор. Користете сезонски зеленчук по ваша желба.

Ваквиот оброк содржи околу 300 калории.

4. Брза здрава пица

За да биде брзо може да користите готово интегрално тесто или тортиља.

Еден мој предлог можете да видите на линкот: Брза здрава пица со туна и тиквичка.

Во оваа варијанта јас искористив туна, тиквички, морков, домат и наросив со млад кромид. Но вие можете да искористите што било! Премачкајте со путер или маслиново, ставете ги омилените зеленчуци, маслинки, печурки и наросете малку моцарела. Печете кратко.

Можете да пробате и со рендано варено јајце, предобро е!

Овој оброк содржи околу 400 калории, меѓутоа сè зависи од типот на намирници кои ќе ги користите.

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here