Зелените сокови го алкализираат организмот и го забрзуваат празнењето на цревата

Споделете со пријателите

Постојат многу причини зошто секој ден би требало да пиеме зелени сокови/смути, а една од најважните причини е аалкализација на организмот.

Здравата исхрана подразбира внес на кисели и алкални намирници во правилен сооднос, но сепак во современата исхрана преовладува кисела храна која создава кисела средина во нашето тело. Киселата средина е поволна за развој на инфекции, канцер и многу други заболувања.

Можеби ќе ве интересира: Дали храната може да влијае на киселоста/базноста на телото?

За да бидете сигурни дека во денот сте внеле намирници кои ќе ви помогнат да го алкализирате телото тогаш најлесно е да испиете еден зелен кашест сок кој се подготвува многу брзо и едноставно.

Зелените кашести сокови придонесуваат за алкализација и детоксикација на организмот затоа што содржат хлорофил кој ја намалува киселоста во телото, исто така хлорофилот ги врзува тешките метали и прави детоксикација на телото.

Зошто денот да го започнете со зелен напиток?

  • помага во борба против инфекции
  • има антивоспалителен ефект
  • има антиоксидативно дејство
  • ќе ви помогне за неутрализација на лошиот здив
  • ќе ве наполни со витамини и минерали за цел ден
  • ќе ви помогне за полесно празнење на цревата.

Зелениот лиснат зеленчук не содржи скроб и може да се комбинира со повеќе типови на зеленчук и овошје.

Зелен смути напиток за појадок е одлична идеа за здрав почеток на денот затоа што изобилува со витамини и минерали кои правилно ќе го активираат и разбудат вашето тело. Дополнително содржи и многу влакна кои ќе ја подобрат перисталтиката на цревата и ќе ви помогнат за полесно и поефикасно празнење на истите.

Наш предлог за зелен утрински напиток:

  • неколку листови спанаќ
  • неколку листови или перца целер (ако сакате можете и малку од коренот на целерот)
  • сок од еден лимон
  • 1 киви
  • 5-6 тркалца краставица
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка чиа семе
  • околу 200 ml вода.

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте дури не добиете хомогена и еднолична смеса.

Можеби ќе ве интересира: Утрински напиток за чистење на дебелото црево.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *