Ниско калоричен сладолед од банана и путер од кикирики

Споделете со пријателите

Десертот не треба да биде забранет дури и кога внимавате на својата линија и држите диета. Сѐ што треба да направите е да бидете умни во изборот на десерт.  Еве го нашиот предлог за здрав десерт. Уживајте во вкусен сладолед без грижа на совест.

Потребни ќе ви бидат:

  • 4 излупени замрзнати банани, исечкани на парчиња
  • 1 лажица мелен цимет
  • 2 лажици млеко од бадеми
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 1 лажица рендано црно чоколадо
  • 1 лажица кршени бадеми

Начин на подготовка:

Ставете ги замрзнатите банани заедно со млекото од бадеми во блендер. Блендирајте додека не добиете еднолична смеса. Додадете го путерот од кикирики и циметот и повторно блендирајте.

Смесата ставете ја во сад за замрзнување и оставете ја во фрижидер еден час.

Откако ќе го извадите од фрижидер, послужете го овој сладолед со парчињата рендана чоколада и кршени бадеми.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *