Домашна крем супа од печурки

Споделете со пријателите

Печурките се одлична, здрава и лесно достапна намирница во овој период од годината. Одлични се во комбинација со јајца, но доколку имате 15 минути плус во денот искористете ги да ја подготвите оваа вкусна домашна крем супа од печурки  која е одлична и здрава варијанта на крем супа затоа што не содржи брашно или стандардна павлака за подоготвка на крем супа.

prod-forestiere_mushrooms

Еве го рецептот:

  • 200 g печурки (по ваша желба, буковки, шампињони, вргањ и сл.)
  • 1 морков
  • 1/2 главица кромид
  • малку лук
  • 500 ml вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици млеко
  • сол, црн бибер и магдонос (по желба)

Начин на подготовка: 

Печурките измијте ги убаво и насечкајте ги на ситни парченца, морковот и кромидот исто така насечкајте ги. Во садот во кој ќе ја правите супата ставете го маслиновото масло и кога ќе се загрее додајте го кромидот и морковот и пржете неколку минути дури не омекнат, потоа ако има потреба додајте малку вода, па додадете ги печурките и динстајте уште 10-тина минути, дури печурките убаво не омекнат.

Налејте ја водата и гответе уште 15-тина минути на тивок оган. На крај во супата додајте ги двете лажици млеко. Земете дел од супата и ставете во блендер, па убаво изблендирајте така што ќе добиете убава кремаста течност. Вратете го делот што го изблендиравте во тенџерето и додадете сол, бибер, магданос и малку лук, па гответе уште 2-3 минутки на тивко.

Добар апетит!!!

Зошто почесто да јадете печурки?

– печурките се природен извор на голема количина на витамини како Б1, Б2, Б5, Ц и Д и минерали и тоа: калиум, железо, цинк и калциум

– имаат многу ниска калорична вредност и содржат малку маснотии, па со самото тоа се извонреден и здрав сојузник при секоја диета

– најбогати со протеини се шампињоните и вргањот кои поради тоа се одлична замена за месо

– печурките се исто така и природен извор на фолна киселина.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *