Крцкави и лесни брускети

Споделете со пријателите

Совршените брускети се тенки и крцкави, мирисаат на маслиново масло и ароматични билки. Без разлика за какви состојки ќе се одлучите да ставите на нив, тајната секогаш е во леснотијата на нивната крцкавост.

Потребни состојки за основата:

  • 1 багет
  • маслиново масло
  • суво оригано или сув босилек
  • лукче (по желба)

Подготовка на основата:

Со остар нож за сечење леб насечете многу тенки парчиња од багетот (7 mm).

Секое парче премачкајте го со маслиново масло со пекарска четка, и од двете страни.

Наросете го секое парче со оригано или со босилек од едната страна.

Доколку ви се допаѓа вкусот, пресечете едно чесне лук и истријте ги парчињата со него на едната страна.

Начин 1: Загрејте нелеплива тава на средно-јака температура. Во загреаната тава без масло наредете ги парчињата внимателно и за 2-3 минути загревајте додека не станат крцкави или кафеаво-златни. Превртете од другата страна и повторете ја постапката.

Начин 2: Доколку спремате поголема количина брускети, наредете ги во сад за печење обложен со нелеплива хартија за печење. Загрејте ја рерната на 230°C. Поставете го садот погоре во рерната и печете 5-10 минути додека не станат кафеаво-златни.

Трикот во подготвувањето на брускетите е филот веднаш да се нанесе врз топлите парчиња леб.

Затоа бидете брзи!

Предлог за фил:

  • 1 домат со отстрането семе насецкан на ситни коцки
  • гранче средно до ситно сецкан свеж босилек
  • парче моцарела насецкана на ситни коцки
  • лукче, истолчено (по желба)
  • околу 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло
  • сол

Сите состојки измешате ги во длабок сад. За уште подобар вкус, подгответе ја оваа смеса пред подготвувањето на брускетите за состојките добро да се маринираат и оставете ја во фрижидер 2-3 часа. Но дури и без овој чекор, вкусот ќе биде совршен.

Не заборавајте! Топлото лебче со ладниот фил е прекрасна комбинација.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *