Мафини со тиквица, спанаќ и биено сирење

Споделете со пријателите

Овие мафини се вистински деликатес! Можеби не се најнискокалоричните, но сепак се многу поздрави од грицки и чипс 🙂

Во комбинација со свежа салата, можат да бидат одличен појадок/ручек или вечера.

Потребни состојки (за 12 мафини):

  • 1 тиквица со средна големина
  • 1 младо кромитче
  • 1 младо лукче
  • китка спанаќ (околу 100 g)
  • 3 јајца
  • 50 g рендано или ситно сечкано биено кравјо сирење
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2-3 лажици интегрално брашно
  • малку хималајска сол, куркума и црн бибер.

Начин на подготовка:

Најпрвин изрендајте ја тиквицата и малку посолете ја. Оставете ја 5 минути да ја пушти водата и исфрлете ја вишокот вода.

Во подлабок сад префрлете ја исцедената тиквица и додадете ги несечканото кромитче, лукче, спанаќот, јајцата, сирењето и павлаката. Убаво измешајте дури смесата не се соедини. На крај доодете го брашното, маслиново масло и зачините. Уште еднаш убаво измешајте и започнете да ги полните калапите за мафини.

Најдобро е да користите гумени калапи за мафини како што користам јас (на сликата погоре). Навистина се многу лесни за одржување и воопшто не лепат.

Печете ги мафините во загреана рерна на температура од 200-220°С околу 25 минути.

На крај доколку сакате да ги декорирате, врз секој мафин со шприц за фил ставете малку павлака измешана со сенф и зачини. На врвот ставете гранче свеж магдонос.

Добар апетит!

Можеби ќе ве интересира:

Здрави мафини со просо и броколи

Здрави мафини од киноа и наут

Интегрални мафини со спанаќ, печурки и семиња

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *