Совршен летен десерт: Здрав чизкејк

Споделете со пријателите

Одличен освежувачки десерт за топлите летни денови. Се подготвува многу брзо, без печење, а резултатот е фантастичен.

Потребни состојки:

за кора:

  • 3 лажици мелени ореви
  • 3 лажици мелени бадеми
  • 5 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици кокосово масло (може да се замени со путер)

фил:

  • 7-8 кајсии
  • 1 чаша јогурт или несолена павлака
  • 2 лажици несолена урда (доколку не сакате урда, може да се замени со маскапоне)
  • 50 g несолени индиски ореви (киснати во вода барем 1 час)
  • 2 лажици мед (наместо мед можете да ставите и стевиа)
  • за одозгора овошје по избор.

Начин на подготовка:

За подготовка на кората најпрвин измешајте ги во еден сад мелените ореви, бадеми и овесни снегулки. Потоа во садот додадете го медот и растопеното кокосово масло и убаво измешајте. Потребно е да се добие густа леплива смеса која ќе може лесно да се натапка за да добие изглед на кора. Кога ќе биде убаво соединета, ставете ја кората во садот во кој планирате да го правите чизкејкот. Истурете ја смесата и убаво натапкајте ја.

Врз кората насечете ги кајсиите на половинки и наредете ги.

Во блендер ставете го јогуртот или павлаката, несолената урда, киснатите индиски ореви и медот или стевиата. Убаво измешајте дури не добиете убава густа и бела смеса. Истурете го белиот филм врз кората со кајсии.

На крај одозгора можете да ставите било какво овошје. Наш предлог се киви како на сликата, иако можете да ставите и малини, јагоди, боровинки и сл.

Ставете го чизкејкот во фрижидер околу 3- 4 часа за убаво да се стегне.

Добар апетит!

Рецептот и сликите за овој прекрасен десерт ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *