Ако сте во потрага по летен коктел кој нема да ви ја наруши диетата, ние имаме решение. Одличен рецепт за подготовка на безалкохолно мохито. Ова е малку изменета верзија на овој традиционален кубански коктел.
Потребни сосотојки за една чаша:
- неколку листови нане
- 1 мала лажичка кафеав шеќер
- кршен лед
- 1 лимета (од едната половина исцедете сок, а од другата насечкајте кругови)
- 250 ml минерална вода

Начин на подготовка:
Помешајте ги нането, шеќерот и сокот од лимета и оставете ги да постојат 5 минути за нането да пушти мирис. Потоа додадете го ледот, круговите лимета и минералната вода. Декорирајте ја чашата со листенца нане и парче лимета. Уживајте !!!
На здравје!








