Сигурно и вие сте од оние кои обожаваат тестенини. Постојат мал милион можности за подготовка на сосови за нив, но повеќето се доста калорични и можат да ви ја нарушат диетата доколку сакате да намалите килограми. Но, постои здраво решение и за оние кои сакаат да останат на диета, а тестенините им се едни од омилените намрници. Како прво изборот и видот на тестенини е многу важен. Во продавниците за здрава храна постојат многу варијанти на поздрави тестенини споредено со оние стандардните подготвени од бело брашно, јајца и млеко. Така денес на пазарот се присутни: безглутенски тестенини од хељда или ориз, интегрални пченкарни, пченични, ржани, јачменови и овесни тестенини. Изберете ги оние кои ви изгледаат најпримамливо затоа што за денешниот рецепт основна намирница се токму некои од набројаните интегрални тестенини.
Потребни состојки:
- 300 g интегрални тестенини
- 3 поголеми домати
- китка босилек
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
- малку сол и црн бибер
- сирење (по желба)
Начин на подготовка:
Најпрвин тестенините сварете ги, а потоа измијте ги со ладна вода. Доматите излупете ги и изрендајте ги. Потребно е да подготвите домашно доматно пире. Во тава на оган додајте го маслиновото масло, а потоа истурете го пирето од домати, оставете го на тивко да се вари 10-15 минути, односно дури не испари водата и пирето стане погусто. На крај додајте го лукчето, босилекот, посолете и зачинете со бибер, па сосот истурете го врз тестенините. Доколку сакате за крај врз нив изрендајте сирење.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.