Home Рецепти Здрави десерти Кремасти безглутенски палео кокосови коцки

Кремасти безглутенски палео кокосови коцки

46
0

Дали се сеќавате на Марија и на нејзината инспиративна приказна? Ако не ви текнува, прочитајте ја тука…Епа таа истата Марија сподели со нас еден прекрасен безглутенски палео десерт кој е толку вкусен и кремаст што ќе ве освои со првото залче.

Потребни состојки:

за бисквит:

  • 5 белки
  • многу малку хималајска сол
  • еритрол по вкус (за засладување)
  • 100 g кокосови трошки
  • ½ прашок за пециво без глутен (ќе го најдете во ДМ маркети)
  • 2 лажици кокосово брашно (или некое друго безглутенско брашно).

за фил:

  • 5 жолчки
  • 2 лажици кокосов шеќер
  • 500 g млеко (бадемово, кокосово или козјо)
  • 2 кесички пудинг од ванила без глутен (ќе најдете во ДМ маркети)
  • 100 g путер или кокосово масло
  • за посипување малку кокосово брашно.

Начин на подготовка на бисквитот:

5-те белки и хималајската сол (многу малку) се матат со миксер. Потоа постепено се додава еритрол за засладување по сопствен вкус. Белките се матат убаво, дури не добиете убава пенеста структура (кога ќе го превртите садот потребно е да не паѓаат). Кога ќе ја добиете посакуваната густина, полека додадете ги кокосовите трошки, прашокот за пециво и кокосовото брашно (може да се замени и со некое друго безглутенско брашно). Внимателно се меша со дрвена или силиконска лажица.

Смесата за бисквит се истура во плех премачкан со кокосово брашно и се става да се пече на 150°С околу 20-тина минути. Потребно е бисквитот да се суши и затоа се става на толку ниска температура, за да биде крцкав.

Начин на подготовка на филот:

5 жолчки и кокосовиот шеќер се матат внимателно со 200 g млеко (кокосово, бадемово или козјо) заедно со 2 кесички безглутенски пудинг. Кога ќе добиете хомогена смеса истурете ја во остатокот од млекото кој ќе го ставите на оган да зоврие. Се меша додека не се згусне. Кога малце ќе се излади кремот се додаваат 100 g путер или кокосово масло и убаво се соединува.

Оставате го кремот малку да се излади и истурате го врз испечениот и веќе малку подизладен бисквит.

Одозгора посипувате со кокосови трошки и оставате целосно да се излади во фрижидер.

Добар апетит!

Рецептот е на Марија Димитрова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here