Сочен чоколаден колач со малини

Споделете со пријателите

Не знам за вас, ама јас навистина немам душа да направам колач со 20 лажици шеќер, 10 јајца, бело брашно и уште што ли не…секогаш се трудам на сите стандардни намирници кои се со висок гликемиски индекс и содржат празни калории да им најдам соодветна замена со некои поздрави. Јајцата не дека не се здрави ама 10 во еден колач е многу 🙂

Денес имаме одличен предлог од Елена – Сочен чоколаден колач со малини.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 2-3 лажички какао
  • ½ прашок за пециво
  • малку ванила или цимет за арома (по желба).
  • 150 g малини (може замрзнати, но оставете ги малку да се одмрзнат, сокот кој ќе го пуштат зачувајте го).
  • по потреба доколку смесата за тестото е густа, додадете малку вода.

за прелив:

  • сокот што ви остана од размрзнатите малини
  • 1-2 лажици мед
  • 1 лажица растопен путер (може да се замени со кокосово масло)
  • малку мелени лешници за наросување.

Начин на подготовка:

За подготовка на тестото сите состојки измешајте ги во еден длабок сад. Последни додадете ги малините и доколку смесата е многу густа можете да додадете малку вода иако можеби нема да има потреба. Ставете да се пече на температура од 180°С околу 20-25 минути, но проверувајте можеби ако го ставите тестото да се пече во помал сад и биде повисоко ќе му треба повеќе време. Ако ставите во помал и кората биде потенка, тогаш ќе биде побрзо.

Преливот се подготвува многу брзо и едноставно. Потребно е само да го растопите путерот, во него додадете го медот и сокот од малини и убаво соединете.

Кога колачот ќе биде готов со чачкалица направете ситни дупчиња во целиот колач и полека истурете го преливот.

Одозгора, по желба наросете малку мелени лешници.

Оставете да се олади и послужете го со шолја црно горко кафе.

Добар апетит!

Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *