Ако ви фали идеја за вкусен појадок еве ги овие вкусни ароматични лепчиња.
Потребни состојки (за две лица):
- 4 парчиња интегрален леб од цело зрно
- 1 лажица путер или маслиново масло
- 4 парчиња пршут
- 4 парчиња моцарела
- 2 домати
- малку свеж или сув босилек.
Начин на подготовка:
Најпрвин на секое парче леб ставете по малку путер или пак попрскајте со малку маслиново масло. Потоа ставете го пршутот, па врз него моцарелата и ставете го во рерна да се запече на температура од 180°С околу 15-тина минути.
Потоа извадете ги лепчињата и врз секое ставете парчиња домат и неколку листови свеж босилек. Ако немате свеж наросете малку сув.
Уживајте во утрото!
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.