Варени јајца на поинаков начин

Споделете со пријателите

Можеби никогаш не ви текнало дека варените јајца можат да бидат навистина одличен и деликатесен оброк. Дали некогаш сте помислиле дека можете да ги извадите жолчките и од нив да направите интересен сос/намаз, па на крај повторно да ги вратите назад во белките?

Навистина е едноставно, а добивате оброк кој може да биде неодолив и мошне интересен за вашите деца или пак одличен за декорација доколку имате гости.

Со вкусовите овде навистина може многу да се експериментира.

Ние ви даваме 3 одлични предлози кои сигурно би ви се допаднале.

Варено јајце со сенф, лук и оригано

Начин на подготовка:

Кога ќе се сварат јајцата, излупете ги и пресечете ги на половинки. Од секоја половинка извадете ја жолчката и ставете ја во подлабок сад. Во садот додадете 1 лажица сенф, малку мелен или свеж лук, малку сол и ½ лажичка оригано. Сo виљушка убаво соединете ја смесата и вратете ја назад во белките. Доколку сакате да биде уште подекоративно, можете тоа да го направите со шприц за филување торти.

Варено јајце со пармезан и босилек

Начин на подготовка:

На ист начин како погоре, сварете ги јајцата и извадете ги жолчките. Во садот со жолчките додадете ситно сечкан босилек, 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка рендан пармезан. Убаво соединете и вратете ја содржина во белките.

Варено јајце со авокадо и сусам

Начин на подготовка:

На ист начин како погоре, сварете ги јајцата и извадете ги жолчките. Во тавче на оган ставете 1 лажица сусам малку да се запече. Во садот со жолчките додадете го сусамот и додадете ½ зрело авокадо и малку сол. Убаво соединете и вратете ја содржината назад во белките.

Овие три идеи се наши предлози, секако дека овде можете навистина многу да експериментирате со вкусови. Додадете некој ваш омилен зачин и направете го јајцето уште повкусно.

Добар апетит!

Повеќе идеи за здрави оброци, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *