Вегански безглутенски леб од бадемово брашно и семиња

Споделете со пријателите

Се почесто луѓето се откажуваат од конзумирањето на пченичен леб поради високиот процент на јаглехидрати или пак поради нетолеранцијата на глутен. Бидејќи нетеолеранцијата на глутен може да биде помалку или повеќе изразена, некои луѓе не се свесни дека се интолерантни на глутен. Доколку после конзумирање на пченичен леб осеќате умор, надуеност, потешкотии со варењето на храната, тежина во стомакот и сл. можеби и вие сте едни од оние кои не го поднесуваат добро глутенот. Но, сепак нетолеранцијата на глутен не треба да биде причина потполно да се откажете од конзумирањето на леб. Најбитно е да ја пронајдете правата алтернативна.

Вегански леб од бадемово брашно и семиња е вистинско решение. Овој леб не содржи класично пченично брашно, не содржи јајца, нити пак глутен, а е исклучиво богат со растителни нерастворливи влакна и поседува висока хранливост. Подготовката на овој леб нема да ви одземе многу време, а резултатот ќе биде фантастичен!

Состојки за подготовка на вегански јајца:

  • 3 супени лажици чија семе
  • 6 супени лажици вода
  • 1 мала лажичка куркума

Останати состојки:

  • 6 супени лажици семки од сончоглед
  • 6 супени лажици семки од тиква
  • 2 супени лажици чија семе
  • 3 супени лажици ленено семе
  • 3 супени лажици кршени бадеми
  • 150 g ситно мелени бадеми (бадемово брашно)
  • 2 супени лажици кокосово брашно
  • 2 супени лажици мелен сусам
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 180 ml бадемово млеко
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 1 супена лажица јаболков оцет
  • 1/2 лажичка хималајска сол

Начин на подготовка:

1. Најпрвин подгответе ги т.н вегански јајца. Измешајте го чија семето, водата и куркумата и оставете ги околу 10-15 минути додека чија семето не набабри.

2. Загрејте ја рерната на 180°С.

3. Помешајте ги семките од сончоглед, тиква, лен, кршените бадеми и чија семето. 1 лажичка од мешавината оддвојте за подоцна да ја искористите да посипете по лебот одозгора.

4. На оваа мешавина додадете го бадемовото и кокосовото брашно, мелениот сусам, сода бикарбоната и хималајската сол. Убаво измешајте дури не добиете хомогена и еднолична смеса.

5. Во сувата смеса додадете ги веганските јајца, бадемовото млеко, маслиновото масло и јаболковиот оцет, мешајте дури смесата не стане хомогена и компактна.

6. Оставете ја смесата околу 10 минути за влагата да се апсорбира од семињата.

7. Во помал сад за печење ставете хартија за печење и истурете ја полека смесата во садот.

8. Посипете одозгора со семињата кои ги издвоивме на почетокот и печете 45-50 минути, односно додека лебот не добие златно-смеѓа боја.

9. Оставете го да се олади, па завиткајте го во фолија и чувајте го во фрижидер, така ќе осатне свеж од 5-7 дена.

На здравје !!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *