Златна ризница на хранливи состојки која ја враќа енергијата на телото затоа што содржи и овошје и зеленчук. Само една голтка од овој напиток ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ги отвори очите. Подгответе го наутро и заборавете на кафето и енергетските пијалоци полни со шеќер.
Овој напиток ја враќа енергијата и виталноста на вашето тело. Комбинацијата од зелени намирници, ананас, ѓумбир и целер е одлична за подоброување на варењето нa храната, хидратација на телото, внес на многу витамини и минерали и прочистување или детоксикација.
Можеби ќе ве интересира: Најдобри напитоци за детоксикација и намалување на апетитот.
Потребни состојки:
- 1 зелено јаболко
- 1-2 листови целер
- малку свежи листови спанаќ
- 1/2 свежа краставица
- 1 кругче свеж ананас
- сок од еден лимон
- 1 cm свеж корен од ѓумбир
- 200 ml вода

Начин на подготовка:
Овошјето и зеленчукот првин убаво измијте го со вода, дури можете да го оставите 10-тина минутки во подлабок сад со вода во кој ќе додадете 1/4 лажичка сода бикарбона. Потоа насечкајте се на парченца и ставете во блендер. На крај додадете ја водата и блендирајте 2/3 минути дури не добиете убава и хомогена смеса.
Овој напиток е најдобро да го конзумиате наутро на празен стомак или пак во текот на денот кога ќе се почувствувате малаксано и без енергија.
Може ќе ве иннтересира: Напиток за слабеење и забрзување на метаболизмот од само 3 состојки!








