Домашен пилинг против стрии и целулит

Споделете со пријателите

Пилингот е козметичко средство во чија основа се наоѓаат абразивни елементи. Неговата основна цел е да ја одстрани нечистотијата и мртвите клетки од кожата. После употреба на пилинг кожата станува мазна затоа што целата постапка ја стимулира циркулацијата на крвта и придонесува за подмладување на клетките. Со помош на домашен пилинг можете не само да ја исчистите и регенерирате кожата, туку можете да се изборите и против целулитот и стриите.

Шеќерно-солениот пилинг, може скоро во целост да ве ослободи од целулитот и стриите во домашни услови, користејќи притоа едноставни и ефтини средства кои веќе ги имате во вашата кујна.

Подготовка:

Потребни ви се 250 грама сол, по можност крупна, 250 грама шеќер, 100 до 150 ml маслиново масло и изрендана кора од еден лимон. Препорачливо е да се користи морската крупна сол заради јодот што го содржи и микроелементите кои делуваат на кожата, помагајќи го нејзиното обновување.

Солта, шеќерот, маслото и изренданата кора од лимон се мешаат да се добие густа хомогена смеса. Скалдирајте го вака подготвениот пилинг во стаклена тегличка.

Употреба:

Пилингот се користи секоја вечер при туширање, нанесувајќи го на проблематичните делови на кожата и масирајќи со кружни движења 2- 3 минути. Убаво исплакнете со млака вода и на крај на кожата задолжително ставете хидратантен крем или лосион. За неполн месец ќе забележите позитивни и очекувани резултати. Целулитот и стриите значително ќе се намалат, но вие во никој случај не треба да прекинете со користење на пилингот по првите забележани позитивни ефекти.

Доколку сте доволно упорни и сето тоа го поткрепите и со здрава исхрана и повеќе активност  во потполност ќе го решите проблемот со целулитот и стриите.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *