Вкусно вариво од мешунки

Споделете со пријателите

Споменавме дека мешунките се еден до најдобрите извори на железо, па затоа наш предлог за вкусен ручек е супа од мешунки. Оваа супа ќе ве држи сити,  едноставна и лесна е за подготовка, а со неа ќе ги добиете сите потребни хранливи материи.

Како да ја приготвите:

Потребни намирници:

– половина чаша грав

– половина чаша леќа

– 1 главица црвен кромид

– 2 лажици маслиново масло

– 1 морков

– 3 чешниња лук

– 1 корен од целер

– 3 чаши супа (подготвена од бујон)

– 1 чаша варена пченка

– мала лажичка мајчина душичка

Начин на подготовка:

Мешунките оставете ги да преноќат во вода. Измијте ги, исцедете и ставете ги во тенџере со вода и малку масло да се варат. Гответе на тивок оган околу 45 минути.

Загрејте малку масло на оган и додадете го исецканиот кромид, малку сол и гответе околу 10 минути. Потоа додадете ја морковот, лукот, целерот, повремено мешајќи, околу 10 минути.

Исцедете ги мешунките, а потоа направете ја супата од бујон. Во супата додадете ги мешунките, кромидот, морковот, лукот, а потоа пченката и мајчината душичка.

Гответе уште 10 минути, а потоа уживајте во супата со мешунки.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *