Овие мафини можат да бидат ужина ама само доколку изедете едно 😊
Подобра опција е да ги комбинирате во благ појадок.
2 мафини со малку путер од кикиритки и со некое овошје се сосема доволни за појадок.

Состојки (за 10 мафини):
- 3 јајца
- 100 g грчки јогурт или 2/3 од канчето – може да се замени со павлака и со кисело млеко
- 3 лажици мед
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици мелени лешници
- 180 g овесно или било какво брашно
- ванила и малку цимет (по желба)
- малку пециво
- замрзнати боровинки или друго црвено овошје
- здраво кремче од лешници, мед и какао од FitDelights – нарачај тука (може внатре да им ставите и некој џем).
Подготовка:
Јајцата, грчкиот јогурт, медот и маслиновото масло измешајте ги заедно со миксер. Потоа во течната изматена смеса додадете го брашното, пецивото, мелените лешници и доколку сакате ставете малку цимет и ванила. Измешајте убаво. Можете и со мискерот ама на најмала брзина или со лажица.
Во калапи за мафини ставете малку од смесата ама не го полнете целото калапче. Па ставете по ½ лажичка крем или џем и врз тоа ставете уште малку од смесата за мафини. На крај на секој мафин ставете по 2-3 боровинки или пак некое друго црвено овошје.
Најубаво е доколку имате да користите силиокснки калапи за мафини затоа што на крај многу лесно се вадат од нив.
Ова тесто исто така можете да го испечете и како пита.

Се печат 20-тина минути на 170С во добро загреана рерна.
Од нутритивен аспект 1 мафини има околу:
- 200 калории
- 24.4 g јаглехидрати од кои 1 g влакна
- 9.4 г масти
- 5 g протеини
Доколку сакате да додадете на протеини за сметка на јаглехидртите, наместо 180 g брашно слободно заменете дел од оваа количина со некој протеин.

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.