Домашно подготвени гранола мусли со лешник и чоколадо… Колку убаво, слатко и здраво задоволство!
Гранола муслите се одлични за појадок и сигурни сме дека веќе ги сакате. 🙂
Потопете ги со млеко, јогурт, бадемово или кокосово млеко и оставете ги 10-ина минути да омекнат. Можете да го додадете и вашето омилено овошје како банана, јаболко, кива, боровинки и слично.
Потребни состојки:
- 200 g овесни снегулки (по желба можете да ги замените со ‘ржани или јачменови, или пак да си направите мешавина од трите)
- 4 лажици путер (можете да ги замените со кокосово масло)
- 3 лажици мед
- 100 g кршени лешници
- 50 g црно чоколадо.
Начин на подготовка:
Прво путерот стопете го на пареа. Кога ќе се растопи во него ставете го медот и убаво измешајте. Овесните снегулки измешајте ги заедно со лешниците, па додадете го путерот и медот и убаво соединете.

На хартија за печење истурете ја смесата, и оставете ја да се суши во рерна на температура од 150°С околу 30 минути. Повремено проверувајте и со лажица промешувајте. На крај оставете да се олади, и додадете го чоколадото насечкано на ситни парченца или пак рендано.

Складирајте ја домашната гранола во стаклена тегличка или сад.
Вака подготвените гранола мусли може да ги чувате подолго време, а ќе имате здрав појадок за секој ден. За еден оброк доволни ви се 4 супени лажици. 🙂
На здравје!
Можеби ќе ве интересира: Гранола мусли со путер од кикиритки и бадеми.








