Пролетна детоксикација од рафинирани шеќери

Споделете со пријателите

Преголемиот внес на рафинирани шеќери е причина број еден за појава на многу заболувања како дијабетес, кардиоваскуларни проблеми и дебелина. За жал сакале или не рафинираните шеќери се присутни во скоро сите намирници, без разлика дали се солени или благи, шеќери има скоро во се. Како и да е доколку сакате да направите нешто убаво за вашето тело, направете пролетна детоксикација од ексцесивниот внес на шеќери. Тоа ќе ве направи поздрави, поенергични и поисполнети.

Всушност самите ние и немаме претстава колку многу рафинирани шеќери секојдневно внесуваме. Ги внесуваме со кафето, чајот, кексите, чоколадите, разните сосови, пити, колачи, газирани сокови и сл.

Ако чувствувате дека внесувате премногу шеќер и тоа му штети на вашето здравје, поставете си ги себе си следните прашања.

Дали јас сум зависен/а од шеќер?

Дали мислам на десерт многу често во текот на денот?

Дали секојдневно јадам барем по нешто слатко?

Доколку одговорите потврдно на горенаведените прашања, вие сте зависни од шеќер, што гледано на долгорочен план може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Во продолжение неколку препораки како за 10 дена да го прочистите телото од рафинираните шеќери.

Исфрлете ги од исхраната сите засладени напитоци

Газирани сокови, џусови, кафе со шеќер и шлаг, чај со шеќер и разни други напитоци кои содржат многу шеќери нека станат минато. Многу научни истражување се поврзуваат со појавата на дијабетес тип 2, доколку често консумирате засладени напитоци.

Заменете го засладеното кафе со обично црно кафе, доколку не можете да пиете горко кафе засладете го со стевиа или со мед. Џусот и газираните пијалоци заменете ги со свежо исцеден сок од лимон или едноставно наместо сокови пијте многу вода.

Престанете да мислите и да купувате слатки

Престанете да мислите на бонбони, чоколади, разни кекси, чоколадо и сл. и секако престанете да купувате. Доколку немате дома, нема ни да јадете. Наместо тоа, кога ќе ве нападне глад за нешто слатко посегнете по некое овошје или пак подгответе си некој здрав десерт.

Идеи за здрави десерти можете да најдете тука.

Јадете повеќе протеини

Консумирањето на протеини помага во нормализација на нивото на шеќер во крвта и намалување на желбата за постојано грицкање. Тоа е така затоа што протеините не го покачуваат нивото на инсулин и постепено ја ослободуваат енергијата.

Додадете квалитетни протеини во секој оброк: јајца, лосос, свинско, телешко месо, мисиркино месо и сл. Секогаш бидете внимателни со изборот и имајте увид за потеклото на месото.

Јадете квалитетни масти

Неколку неодамнешни истражувања укажуваат дека мастите всушност не се причината за гојазност. Напротив, тие ви даваат чувство на ситост многу долго време и не предизвикуваат нагло покажување и намалување на нивото на шеќер во крвта како што тоа го прават рафинираните шеќери.

Вклучете го авокадото, кокосовото масло, маслиновото масло и сл. и наместо кекси во моментите на кризи грицкајте бадеми или лешници.

Внесувајте јаглехидрати од овошје и зеленчук

Избегнувајте леб и тестенини, потрудете се нивото на шеќери/јаглехидрати кои треба да ги внесете во текот на денот да ги внесете исклучиво од свежо овошје и зеленчук. Овошјето содржи прости шеќери, а зеленчукот како компир, ориз, грав, грашок и сл. содржи сложени јаглехидрати кои бавно ја ослободуваат енергијата и не предизвикаат нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта што е причината за честото чувство дека треба нешто да грицкате.

Избегнувајте глутен и млечни производи

За време на периодот на детоксикација од рафинираните шеќери препорачливо е да ги избегнувате и млечните производи и намирниците кои се богати со глутен (пченица, тестенини подготвени со пченично брашно, разни печива и сл.). И глутенот и млечните производи можат да предизвикаат чувство на надуеност и тешкотии во стомакот.

Спијте доволно

Недоволно сон предизвикува засилено лачење на желудочна киселина што може да го зголеми апетитот. Оптимално ниво на сон е клуч за добро здравје. Потрудете се секоја ноќ да спиете по барем 6-8 часа.

Можеби ќе ве интересира:

6 начини да го препознаете скриениот шеќер во храната!

Како да ја спречите зависноста од благо? 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *