Здрав сутлијаш со ананас и банана

Споделете со пријателите

Ако сте по потрага по здрав и хранлив десерт, ние сме повторно тука со нашите мал милион идеи за здрави десерти. За денес избравме интересна комбинација од ориз, мед, ананас и банана. Финалниот производ беше прекрасен и вкусен здрав сутлијаш, неодолив за секого.

Овој десерт повеќе наликува на пудинг од ориз, банана и ананас бидејќи на крај сите состојки се ставаат во блендер со цел да се добие убава и хомогена структура.

Ананасот е полн со ензими кои го подобруваат варењето, исто така полн е и со витамини, a највеќе со витамин Ц.  Бананите се одличен извор на калиум, а оризот е богата и хранлива ризница на протеини и сложени јаглехидрати.

Потребни состојки за 4 порции:

  • 1 чаша ориз (може и интегрален)
  • 3 чаши вода
  • 3 лажици мед
  • 2 банани
  • 3-4 кругови свеж ананас (ако немате свеж, може и од конзерва)
  • малку кокос или ренданана кора од лимон (по желба).

Начин на подготовка:

Оризот и водата ставете ги на оган и оставете го оризот убаво да се свари и омекне дури не ја впие целата вода. На крај кога убаво ќе омекне додадете го медот и измешајте убаво. Почекајте неколку минути да се излади. Кога ќе биде изладен ставете го оризот во блендер заедно со ананасот, бананите и кокосот или ренданиот лимон и вклучете го блнедерот да ги измеша состојките неколку минути.

Потребно е да добиете густа и хомогена структура налик на пудинг.

Послужете го пудингот во стаклени садови за пудинг и одозгора доколку сакате наросете со малку цимет.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *