Смути против болка во мускулите после тренинг

Споделете со пријателите

За регенерација на мускулите после напорен тренинг потребни ви се хранливи состојки кои ги хранат и регенерираат мускулите. Аронијата е намирница која се вбројува во намирници со најголеми антиоксидативни својства, токму поради тоа аронијата има широк спектар на потенцијални медицински и терапевтски својства.

Смути со аронија е одличен оброк за поле тренинг кој ќе ви помогне да ги нахраните и регенерирате мускулите.

Потребни состојки:

  • 200 ml јогурт со ниска масленост
  • 20-тина бобинки аронија
  • ½ банана
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица суви гоџи бобинки (по желба).

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте.

Пијте го овој моќен напиток после тренинг и наполнете го телото со потребните хранливи состојки.

На здравје!!!

Можеби ќе ве интересира: 5 идеи за оброк после вежбање.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *